Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени…
повеќе...Tag: невреме
Состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег и снабдувањето со електрична енергија
Пресек на состојбите за снабдувањето со електрична енергија до 08:00 часот. Во општина Охрид без напојување со електрична енергија се селата: Опеница, Завој, Куратица, Речица, Плаќе и Свињишта. Во општина Дебрца екипи на ЕВН прават напори да ги приклучат селата кои гравитираат во оваа општина во дистрибутивната мрежа. Во општина Струга селата кои гравитираат во повисоките планински предели како што се Пискупштина, Нерези, Безево, Дренок, Вишни, Г.Белица, Мали Влај, Јабланица, Боровец, селата од Малесијата, Мислодежда, Брчево, Богојци се работи на отстранување на дефектот и овие села да добијат електрично напојување.…
повеќе...Припадници на МВР ги евакуираа трите лица од завеаното Ржаново
Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, претпладнево евакуираше три лица завеани во викендица во струшкото село Ржаново. Спасувачката мисија беше успешно реализирана а Г.К. (43), Т.К. (42) и едно 15 годишно лице безбедно беа извлечени од селото и пренесени во Струга. Полициските службеници од хеликоптерската единица, откако се спуштија во селото, извршија и пробивање на патот од куќата до хеликоптерот. Трите евакуирани лица кои пред три дена заминале на викенд, беа во завеаната куќа во Ржаново каде поради силното невреме и снегот чија висина била околу…
повеќе...Со несмален интензитет продолжува расчистувањето на Охрид
Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид. Екипи на ЈП „Нискоградба„ и ЈП „Водовод„ во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, „Димитар Влахов“,„Мите Богоевски“ и дел од улицата „Даме Груев“. При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација. Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите и станбените згради на овие улици. Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ и ЈП „Градски Пазар“ активно работата на расчистување на…
повеќе...Оштетените новогодишни реквизити по снежното невреме се репарираат и заменуваат со нови
По дводневното снежно невреме и по расчистување на градските улици, општина Охрид работи на санирање и ставање во функција на оштетените новогодишни реквизити. Украсите и реквизитите што беа уништени во снежното невреме се репарирани или се заменуваат со нови. Централното градско подрачје со плоштадот и чаршијата се расчистуваат од вчера. Плоштадот од синоќа е целосно чист. Денеска се подига снежната покривка од чаршијата која целосно ќе биде чиста во текот на утрешниот ден.
повеќе...Охрид има капацитет да се справи со последиците од снежното невреме
Надлежните служби од општина Охрид непрекинато 24 часа се на терен и успешно се справуваат со снежното невреме кое го зафати градов и неговата околина. Во расчистувањето на градов се вклучени 14 работни машини и 3 камиони од кои два со нож за ринење на снег и еден за ризла. Јавните претпријатија „Комуналец“, „Водовод“, „Градски гробишта“ , „Ниско градба“ како и градежните фирми „Победа – Ботун“, „Марково Долче“ и „Нефи ИК„ се вклучени во расчистувањето на градов од снегот. Две работни машини се ангажирани за расчистување на селото „Долно Лакочереј“ ,…
повеќе...Снегот предизвика помали проблеми во Охрид
Синоќешното силно снежно невреме што го зафати Охрид и скоро цела Македонија предизика помали проблеми во Охрид. Поради влажноста на снегот и тежината на некои места испокршени се гранки и дрвја. Снегот во Охрид создаде покривка со дебелина од 20 сантиметри. WebOhrid
повеќе...Силно невреме го зафати Охрид
Невреме го зафати Охрид попладнево, проследено со врнежи од дожд помешани со град и засилен ветер грмежи. Олуците и шахтите не можеа да го прифатат огромното количество вода кое наврна за само неколку минути, при што беа поплавени голем дел од улиците низ Охрид. Слично време ќе имаме и утре (четврток) и во петок, во попладневните часови. Веќе, од сабота ќе имаме постабилно време, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени. WebOhrid
повеќе...За Први мај, локален пороен дожд и грмежи
Утре претпладне ќе биде умерено облачно и топло со сончеви периоди, а околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок. Од сабота попладне се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни проследени со грмежи. Извор: Нет Прес
повеќе...Кратко невреме проследено со дожд, снег и град го зафати Охрид
Денес во 13 часот Охрид го зафати краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, снег и град. WebOhrid
повеќе...