Средба на министерот Јолевски со генералот Џонс

Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Обама и командант за Европа на Алијансата. На средбата беа разменети мислења за глобалната безбедносна ситуација, за кризните жаришта на Блискиот исток, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува светот и Европа. Генералот Џонс кој како американски генерал беше вклучен во воспоставувањето на мисијата УНПРЕДЕП, го поздрави напредокот што го постигна Република Македонија во областа на одбраната. Тој високо го…

повеќе...

Нови 125 војници во редовите на Армијата на Република Македонија

Министерството за одбрана и Владата продолжуваат со политиката на прием на професионални војници и пополнување на Армијата на Република Македонија. Ова е првата група од 125 професионални војници за оваа година, а веднаш започнуваме и со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка која и е потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери. Тоа го истакна министерсот за одбрана, Зоран Јолевски на свеченоста за прием на 125 професионални војници, која се одржа денеска во скопската касарна Илинден. Министерот додаде дека 48…

повеќе...

Успешна реализација на седмиот Летен кампус

Со реализацијата на показната тактичка вежба „Сеопфатен пристап на операциите за поддршка на мирот“, денеска на армискиот полигон „Криволак“ заврши седмиот Летен кампус, на кој учествуваа околу 300 питомци и студенти од 13 држави. По тој повод, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, посочи дека претставува чест да се биде на овој настан и да се види како 13 различни култури и нации зборуваат еден заеднички јазик. „Питомците го зборуваат јазикот на лидерството и јазикот на соработката. Тие се идните лидери на своите земји, кои ќе претставуваат мост…

повеќе...

Објавен новиот конкурс за пилоти

Министерството за одбрана на Република Македонија денес го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија. „Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот.“- велат од Министерството. Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија. Сите подетални информации во однос на Конкурсот може…

повеќе...

Јолевски – Карпентер: Македонија опстојува на патот на евроатлантските интеграции, САД силно го поддржуваат тоа

Република Македонија е силно посветена на евроатлантските интеграции, а за тоа има несомнена поддршка од земјите-членки на Алијансата, особено Соединетите Американски Држави, заклучија на денешната средба во Министерството, министерот за одбрана Зоран Јолевски и Мајкл Карпентер, заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД. „Нашето место е во НАТО – Алијансата. Тоа го потврдува и целосниот политички консензус, како и високата поддршка од граѓаните на Македонија“, рече министерот на средбата. Тој додаде дека активностите во Министерството, реформите за унапредување на стандардот на припадниците, процесот на модернизација и високата интероперабилност со армиите…

повеќе...

29та генерација војници на доброволно служење воен рок дадоа свечена заклетва

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во – Велес, им ја честиташе свечената заклетва на 29та класа војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија. „Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства, за секој граѓанин. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот“ – истакна заменик министерот…

повеќе...

Воениот оркестар ја започна манифестацијата „Музичко лето“

Со перформансот одржан во сабота, 2 јули, од платото пред Музејот на македонската борба до плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна да се реализира манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“, организирана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Несекојдневниот настап на Воениот оркестар, кој е единствен во Република Македонија, привлече голем број граѓани на главниот град. Истиот ќе имаат можност да го видат и граѓаните на Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово. Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на…

повеќе...

Министерот Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам

Министерот за одбрана Зоран Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам. „Дозволете ми на Вам, вработените во Министерството за одбрана, припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости, со желба заедно со Вашите најблиски и најмили, празничните денови да ги минете во добро здравје, љубов и среќа“, истакнува министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во честитката по повод празникот Рамазан Бајрам. Меѓусебното почитување, љубовта и пријателството, додава министерот, се водилка и вистинска вредност…

повеќе...

Јолевски на Рамазански ифтар со вработените во Министерството за одбрана

„Сакам да ја искористам оваа прилика да Ви го честитам овој свет месец. Нека Вашите домови и Вашата заедница бидат исполнети со мир и благосостојба“ – истакна Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на вчерашниот Рамазан ифтар со дел од вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија од муслиманска вероисповед. Јолевски рече „Се додека сме убедени дека нашиот пат е поплочен со доблестите на нашата вера ние ќе го достигнеме зенитот на нашата цивилизација преку почит на еден спрема друг и заеднички живот“. За време…

повеќе...

Членството во НАТО придонесува за зајакнување на стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа

Во рамките на посетата на Париз, министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Зоран Јолевски одржа работна средба со Министерот за одбрана на Република Франција, г-дин Jean-Yves Le Drian. Билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната беше оценета како одлична, и последниве неколку години се развива во нагорна линија. На средбата беа разменети мислења за безбедносната состојба во Европа и светот. Поголемиот дел од состанокот беше посветен на самитот на НАТО кој треба да се одржи следниот месец во Варшава. Министерот Јолевски истакна дека интегрирањето на земјите од…

повеќе...