Нов случај на оштетенo возилo во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето Т.Д. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Форд – Ескорт“ на кое е скршено задното стакло од десната страна на возилото. Оштетувањето се случило на 10.09.2014 година во туристичкото место Неа Каликратија, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција. Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега…

повеќе...

Нов случај на украдени регистерски таблички во Грција

Во текот на вчерашниот ден, на Граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Д. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Шкода Јети“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека на 25.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Р. Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во Грчката полиција. Со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа…

повеќе...

Нов случај на украдени македонски регистарски таблички во соседна Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето А.Г. од Скопје во чија сопственост е возило марка „Волво“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во периодот 23/24.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Р. Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во Грчката полиција. Со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година…

повеќе...

Два нови случаи на украдени регистарски ознаки во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи. Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Vectra“ со велешки регистарски ознаки истиот пријавил дека на 10.08.2014 година во туристичкото место „Катерини“ му се украдени двете регистарски ознаки од возилото. Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од о.Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека на 09.08.2014 година во туристичкото…

повеќе...

Нови оштетувања на возила на македонските туристи во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден (10.08.2014 година), на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи. На Г.П. „Богородица“, пријавено е дека на патничко моторно возило “Renault” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во турустичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки, на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило „Opel“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето К.Т., во туристичкото место „Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки.…

повеќе...

Груевски: Нови 250 деца од социјални семејства од утре на бесплатен одмор

Нови 250 деца од социјално ранливите категории утре ќе заминат на бесплатно летување што го обезбедува Владата преку проект на Министерството за труд и социјална политика. Премиерот Никола Груевски денеска на официјалниот почеток на градежните работи за проширување на булеварот „Партизански одреди“ изјави дека како Влада планираат да продолжи овој проект и во иднина. „Проектот континуирано се спроведува од летото 2012 година така што продолжуваме и годинава на децата кои припаѓаат на социјално загрозените семејства и децата кои се без родителска грижа да им обезбедиме бесплатно летување. Следната група од…

повеќе...

Продолжува “традицијата“ на оштетување возила на македонските туристи во Грција

Со почетокот на летната сезона, Граничната полиција евидентираше случаj одземање, односно кражба на регистарска табличка од возило со македонски национални ознаки. Имено на крајот од минатата недела, поточно на 26.06. на ГП „Богородица“, евидентирана  е кражба на предна регистарска табличка од патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Н.Б. од Битола. Кражбата се случила во градот Солун, а истата не била пријавена во грчката полиција. Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на регистарски таблички на…

повеќе...

Прва група на деца од социјално ранливи категории заминаа на бесплатен одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја испрати првата група на деца  коишто ќе ја  користат бесплатната услуга за одмор и рекреација  на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2014 година. Спасов истакна дека преку проектот на МТСП, којшто веќе трета  година се реализира, по 3.000 дечиња од социјално ранливи категории заминуваат на одмор, од кои 2.000 на летување и 1.000 на зимување. Тој посочи дека преку овој проект  им се помогна  на родителите кои се во потешка состојба. Особено…

повеќе...

Четириесет основци ќе бидат дел од интеркултурен камп во Швајцарија

Околу 40 ученици од пет основни училишта во Охрид, Струга, Гостивар, Штип и Битола ќе бидат дел петти-от интеркултурен камп во Детското Село Песталоци во Троген, Швајцарија. Овој камп ќе се реализира од 03 – 17 јули оваа година. Преку различни активности, кампот ќе им овозможи на младите да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите со различи култури. Досега на интеркултурните кампови организирани од Коалицијата на младински организации СЕГА учествувале 160 ученици од 5 основни и 10 средни училишта од…

повеќе...

Од денеска започнува летниот распуст

Од денеска започнува летниот распуст за учениците од основните и средните училишта кој ќе трае до 1 – ви септември. Во учебната 2013/2014 година настава следеа над 200 илјади основци и средношколци, а околу 20.800 деца за првпат седнаа во училишните клупи. Со крајот на учебната година се заокружува и годинашното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.

повеќе...