WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето

Еко – свест  го честита 21ви Јуни – Денот на Охридското Езеро и информира дека дека Еко- свест ангажираше тим од пет експерти од различни области со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум. „Оваа студија ќе ни даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија и ќе ги разгледа можностите за одржливо урбано планирање на Охрид. Студијата ќе биде презентирана пред јавноста наесен и се надеваме дека реализацијата на ова решение ќе…

повеќе...

Охриѓанец се удави кај Сараиште

Безживотно машко тело, вчера околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена…

повеќе...

Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…

повеќе...

Почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…

повеќе...

Охридското Езеро промовирано во Турција

На покана на општина Есенлер, општина Охрид преку свои претставници и КУД Ѓердан, учествуваше на одбележувањето на Светскиот ден на водата 22. Март. На меѓународниот состанок на историски градови на водениот пат, освен Македонија – Охрид и домаќините од Турција, учествуваа и претставници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Романија. Општина Охрид имаше свој штанд со промотивни материјали и изложба на фотографии со мотиви од Охридското езеро. Освен настапот на КУД Ѓердан, општина Охрид учествуваше и со поетско читање. На настанот освен градоначалникот, заменик градоначалникот…

повеќе...

Се уредува просторот кај реката Грашница

Просторот кај реката Грашница, кој долго време беше запуштен и обраснат со трња се уредува. По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претрпијатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата. Откако ќе завршат активностите за расчистување, ќе се продолжи со хортикултурно уредување на просторот. Оттука ќе поминува пешачката која што се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео, а од Лабино ќе води кон Воска и Даљан и кон извидничкиот центар. Со уредувањето на овој простор и со пешачката патека, градот добива…

повеќе...

Општината со реакција на соопштението од СДСМ Охрид

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика. Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите…

повеќе...

СДСМ: Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро

ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?! Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат. Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на…

повеќе...