Вчера, во периодот од 14:00 до 15:00 часот во с.Боровец, струшко, поточно на спортското игралиште, околу 500 граѓани во организација на невладината организација „Натура Лаб“ од с.Лабуништа одржале ненајавен јавен собир, изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом на м.в. „Стижак“ од А.Д „Илинден“ – Струга. За време на собирот немало нарушување на јавниот ред и мир.
повеќе...Tag: организација
25 години од постоењето на детската амбасада Меѓаши – 25 години поправеден свет за децата
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска организација во Република Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29ти април 1992 година од страна на Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац. Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит на детската личност. Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за правата на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.…
повеќе...Во Охрид презентирани брошурите за опасностите во храната
Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со Организацијата на потрошувачи Охрид и Агенцијата за храна и ветеринарство денес во Охрид презентираше три нови заедничко изработени брошури кои што се однесуваат на исхраната на населението. Целта беше тие брошури да се промовираат во маркетите во Охрид, да им се поделат на граѓаните, практично да се доближат до потрошувачите на кои што им се наменети овие брошури. „Едната брошура „Опасности во храната“ се однесува на опасностите, кои опасности би можеле да произлезат од прехрамбените производи кои што ние насекаде ги јадеме, без…
повеќе...ЦИВИЛ со семинари за слободни избори во Битола и Охрид
ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата семинари на тема Слободни избори за слободни граѓан(к)и кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Семинари за слободни избори ќе се одржат во Битола, на 3 октомври (сабота) и во Охрид, на 4 октомври (недела). Предност за учество на овие семинари имаат членови и поддржувачи на ЦИВИЛ, како и оние што ги предлага соодветниот регионален координатор во наведените градови. Пред почетокот на семинарите, ЦИВИЛ ќе биде на располагање на локалните медиуми во 10:30 часот. Средбата со новинар(к)ите во Битола ќе…
повеќе...Ќе се уредуваат локациите во градот што се користат од наркозависници
Денес во општина Охрид ќе биде одржан работен состанок поврзан со уредување на локации во градот што се користат од наркозависници. На состанокот предвидено е присуство на заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од комуналните сектори, претставници од МРТВ, членови на заедниците на станари, НВО и претставници на СВР Охрид.
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев се сретна со невладините организации и претставници на граѓанскиот сектор
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, попладнето оствари средба со невладините организации и претставници на граѓанскиот сектор во коалицијата Граѓаните за Македонија. Дадена е целосна поддршка за цврсто опстојување на заеднички зацртаниот пат за враќање на слободата и демократијата, демократските институции и нормализација на Република Македонија. Едногласно е констатирано дека договорот од 2-ри јуни е прекршен од страна на Никола Груевски, поради што ќе се интензивираат формите и механизмите за реализација на активностите за смена…
повеќе...РеСПА објави огласи за вработување во организацијата
Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, објави огласи за позициите програмски менаџер (2 лица) и Национален експерт (2 лица). Огласите се објавени на веб страната на РеСПА http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment. Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, со седиште во Даниловград, Црна Гора, претставува меѓународна организација на која и е доделена мисијата за развојот на регионалната соработка во полето на јавната администрација во Западен Балкан. Таа го подржува креирањето на одговорна, ефективна и професионална јавна администрација во земјите на Западен Балкан, во фазата на евро-интегративните процеси. РеСПА ја остварува својата мисија преку организација…
повеќе...Утре ќе се одбележи Отворениот ден на мрежата на невладини организации од Охрид и Струга
На пригодна свеченост, утре напладне во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде одбележан Отворениот ден на мрежата на невладини организации од Охрид и Струга. На свеченоста, пригодно ќе се изврши приклучување и прифаќање на невладината организација „Зери“ како конститутивен член на мрежата на невладини организации од Охрид и Струга. Посебни гости на отворениот ден ќе бидат учениците од средните училишта во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ како и претставници од невладиниот сектор од Кичево. Целта на асоцијацијата на невладини здруженија е да се подржи локалната полиција во изнаоѓање на…
повеќе...НВО Коалиција на Египќаните со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија
Невладината Kоалиција на Египќаните со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија. Во неа стои: „Во сите овие 23 години на независност, преставниците на етничката автохтона заедница воР.Македонија,демонстрираа, највисок степен налојалност, конструктивност и придоноес кон создавање на суверена, самостојна, независна и демократска држава Р.Македонија. Несомнено, Р.Македонија, помина трновит пат, кон реализирање на една голема идеја,создавањена сопствена држава, се соочуваше со многу премрежја и предизвици, многу препреки и проблеми. Но граѓаните , без разлика на нивната национална, верска,политичка или билокоја припадност , покажаа дека обединети, сложно и со заедничка…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“
Невладината организација „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на ова здружување како што беше истакнато на денешната прес-конференција е меѓусебна соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи, социјалните и хуманитарните права. „Посебен акцент на оваа соработка се ранливите категории на граѓани, без разлика на етничката припадност, нивната интеграција со посебен осврт на припадниците на етничката заедница Египќани. НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“ се согласни како акт на добра волја поради исклучителен придонес кон развојот…
повеќе...