Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје

Министерството за внатрешни работи информира дека Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето на ден 24.02.2016 во 16 часот во просториите на Испитниот центар „АССЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 Скопје ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. На овој испит ќе бидат кандидатите кои се оспособиле во правното лице ДТУ ТАРГЕТС ДООЕЛ Скопје.

повеќе...

Откриени царински измами, запленети девизи, оружје, техничка стока, облека, храна, цигари и фалсификати

Минатата недела, царинските службеници открија три случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, орижје, техничка стока, храна и облека, цигари, фалсификати и друго. Царински измами Минатата недела откриени се три обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки, од кои два обиди за погрешно декларирање на потеклото на стоката и еден обид за погрешно распоредување на стока во царинската тарифа. Во првиот случај, во царинската испостава Скопје 3, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење разни електрични делови и опрема од испраќач…

повеќе...

Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје на кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Спорт Шкорпион„ Лабуништа,Струга утре со почеток во 15,30 часот во просториите на Испитниот центар „АССЕКО„ на ул.„Христо Смирненски„ бр.30, Скопје, ќе одржи спроведување на теоретскиот дел од стручниот испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје.

повеќе...

Стручен испит за добивање на дозвола за оружје за кандидати кои практично се оспособиле во “Таргетс“ ДООЕЛ Скопје

Согласно законските надлежности и обврски, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје при МВР, за кандидатите коишто практично се оспособиле во Друштвото за трговија и услуги “Таргетс“ ДООЕЛ Скопје, на 28.01 годинава во 16 часот во просториите на испитниот центар “АССЕКО“ (на ул. “Христо Смирненски“ бр.30) во Скопје, ќе го спроведе стручниот испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување…

повеќе...

Подобрување на безбедноста на складот за оружје во Орман

Магацинскиот комплекс „Орман“ на Министерството за внатрешни работи од денеска е посигурно место за чување на оружјето и ги исполнува строгите безбедносни правила и норми пропишани во актите и правилниците на Обединетите Нации во поглед на објектите, околината, начинот на чување и складирање на оружјето и муницијата, како и начинот на физичко обезбедување на истите. Ова меѓу другото го истакна Државниот секретар Анастасија Илиеска на примопредавањето на реновираниот магацин на Министерството за внатрешни работи во Орман. Надградбата на складот за оружје во Орман , во вредност од 270.000 евра, е…

повеќе...

Одземен пиштол и рамка со оружје од кичевчанец

Огнено оружје-пиштол и рамка со шест куршуми калибар 6,35 милиметри, вчера пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица Кичево. Пиштолот сребрена боја и муницијата се пронајдени при преглед врз Ф.Е.(50) од Кичево кој се наоѓал во угостителски објект во центарот на градот и нелегално ги поседувал. Настанот се случил во 16 часот и 15 минути на улицата „Маршал Тито“ кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, криминалистичката полиција извршила преглед врз него и ги пронашла пиштолот и рамката со куршуми. По претходно известување до Основниот јавен…

повеќе...

Мартина Петровска полека, но сигурно чекори кон врвот

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол. Нашата јуниорка Мартина Петровска со резултат од 380 кругови, се пласира на втората позиција веднаш зад Нина Балабан (386), а пред Ана Иваноска од „РЕК“ Битола, која со еден круг помалку ја зазеде третата позиција. „Радува фактот што само по учество на неколку Купови, Мартина станува сериозна конкуренција на двете олимписки кандидатки. И останатите јуниорки на СК „Охрид“, Ангела Алексовска…

повеќе...

Престрелка во тетовско

Утрово околу 00:10 часот во населбата Дреновец-тетовско се случила вооружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица: Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од с.Доброште од една страна и Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово од друга страна. Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата надколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот…

повеќе...

Одржан и третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, во Штип 

Викендов во Штип се одржа и третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма. Стрелачкиот Клуб „Охрид“ настапи со шест свои стрелци, во јуниорска категорија и еден во сениорска, а резултатите се следни: Најуспешно пласирана јуниорка е младата Мартина Петровска, која за релативно брзо време почна да постигнува солидни резултати, па така таа со резултат од 368 кругови заврши на втората позиција, зад Ана Иваноска од РЕК „Битола“. Веднаш зад неа, нејзината клупска другарка, Ангела Алексовска, се пласира на третата позиција, со еднаков резултат но послаба…

повеќе...

Запленети пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони

Mинатата недела царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони и регистарски таблички. Златни монети – 2 парчиња британски златни монети од 1879, односно 1892 година со лик на кралицата Викторија од едната страна и Свети Ѓорѓи од друга странасепронајдени помеѓу личните работи на грчки државјанин, возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблици кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Пиштол, куршуми и марихуана – пиштол марка ZORAKI–M 906 со 5 куршуми марка…

повеќе...