Како што е вообичаено за секоја туристичка сезона, така и оваа, во Охрид ќе има огромен прилив на возила од земјава, но и од странство, па според тоа, ќе бидеме сведоци на најразлично паркирање, а се разбира и непрописно паркирање. Ова мало битолско „количе“ претставува голем проблем кога ќе се паркира вака, на место кое е наменето за три автомобили. WebOhrid
повеќе...Tag: паркинг
Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…
повеќе...Започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор во Охрид
ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид дека од денес 01. 06 ( четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор. Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период ( јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40 додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.
повеќе...Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид
ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека на 16ти април, по повод христијанскиот празник Велгиден, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите. ЈП „Билјанини Извори“ на сите христијани им го честита најголемиот христијански празник Велигден и им посакува многу здравје и бериќет во нивните домови.
повеќе...СВР Охрид со безбедносни мерки за Водици
Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…
повеќе...Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови
Немањето соодветен паркинг простор претставува секојдневен проблем за многу наши сограѓани. Соочени со такви проблеми жителите кои живеат на потегот помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ се одлучија за поставување на рампа со табла на која пишува: „Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови.“ WebOhrid
повеќе...Летен режим за користење на паркинзите
ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, ги известува граѓаните дека во летниот период (месеците јуни, јули и август) со почеток од 01.06.2016 година ќе изврши промена на цените за користење на паркинг простор во зона А и зона Б, со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид. Измената на цените се изврши со дадена одлука од Советот на Општина Охрид со број 08-6405/4, врз основа на донесена одлука на Управен одбор на „Билјанини Извори“ – Охрид со бр.02-481/2 од 04.05.2013 год. за летен режим на сообраќај во централното градско подрачје .…
повеќе...Утре бесплатен паркинг во Охрид
ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден, донесе одлука утре користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“- велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и…
повеќе...За Божиќ бесплатен паркинг во Охрид
По повод големиот христијански празник Божиќ, ЈП „Билјанини извори“ донесе одлука користењето на јавниот градски паркинг да биде бесплатно. Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.
повеќе...Поради асфалтирање, нема паркирање на возила зад Музичкото училиште
Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамките на планот за асфалтирање на пристапни улици и патишта, во текот на денешниот ден ќе се асфалтира дел од улицата „Билјанини извори“, позади Основното музичко училиште „Методи Патче“ . Поради изведување на градежните работи се апелира до граѓаните кои живеат на овој дел од градот, моторните возила да не ги паркираат на просторот зад музичкото училиште. Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано
повеќе...