Василевски: ВМРО-ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна патна инфраструктура

ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на нашата земја. Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМНЕ неуморно ќе продолжи со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, д-р Сашо Василевски, која се одржа покрај  автопатот Охрид-Кичево. „Во тек е изградбата…

повеќе...

Шетање куче од автомобил

Убав сончев ден, време за прошетка, но со кого да излезете попрво, со сопругата или пак со кучето!?! А зошто не и со двајцата? Додека жената си вози автомобил, онака во прва со вклучени четири трепкачи, вие си го влечкате кучето по вас. Колку и да им изгледала добро идејата, во пракса тоа не изгледаше баш така. Напротив, ова претставуваше малтретирање за кучето. WebOhrid

повеќе...

Мисајловски: Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат по планираната динамика

Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови, истакна денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. „Динамиката на автопатиштата во Македонија е добра. Самата бројка на градежни работници и механизација и работењето на терен може да се забележи со око и да се види дека Македонија е претворена во огромно градилиште“, рече Мисајловски. Тој додаде дека постојано се работи на автопатот од Кичево до Охрид каде на терен се ангажирани над 1.200 работници, додека за…

повеќе...

Денес прекин на сообраќајот кај с.Врбјани

Од АМСМ информираат дека денес на магистралниот пат А-2 Кичево–Охрид кај с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин 10–15 минути помеѓу 14.00-16.00 часот.

повеќе...

Поради минирање утре мал прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На магистралниот пат А-2 Кичево – Охрид поради изведување работи на пат (минирање), утре (четврток), сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот, информираат од АМСМ.

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

Мисајловски: За зимската сезона нов пат во реканскиот крај

Во завршна фаза се работите за целосна обнова на патниот правец Ново село до Маврово, во должина од околу 12 километри, инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра. Според најавите за една недела треба да заврши одбележувањето на патната сигнализација. „Ова е ветување кон граѓаните од минатата година што ќе го реализираме многу брзо, така што за претстојната зимска сезона сите туристи, но и граѓаните што гравитираат во овој регион ќе користат комплетно нов пат,“ изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој со директорот на Јавното претпријатие…

повеќе...

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на „Илинден“

По повод одбележувањето на националниот празник „Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, кумановско, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Во вторник(02.08.2016) со почеток 09.30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.“Васил Главинов“,…

повеќе...

Едукативно – превентивна акција „Вози одговорно – животот е во твои раце“

Во рамките на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, утре 29 јули (петок) во 11:30 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната акција „Вози одговорно-животот е во твои раце“. Целта на оваа активност е потсетување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, внимателно управување со патничките и други моторни возила, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во рамките на…

повеќе...

РСБСП: Летово најризичен е автопатот Кичево – Охрид

За време на летните одмори најризичен е автопатот Кичево-Охрид, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштатаРепублички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На овој автопат фреквенцијата на возила е драстично зголемена поради големиот број странски и домашни туристи што одмораат на Охридското Езеро. Истовремено, се гради новиот автопат Кичево-Охрид, чија траса на многу делници минува паралелно со сегашниот пат, а не е секаде соодветно обезбедена. Овој месец, во една недела, на овој автопат се случиле две тешки сообраќајки, во кои со повреди се здобија осум лица, меѓу кои…

повеќе...