До јуни обнова на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција од 1,1 милион евра

До јуни годинава се очекува да завршат градежните работи за обнова на регионалниот пат Дојран – Николиќ, во должина од 5,5 километри, инвестиција од 1,1 милион евра. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности, истакна дека е задоволен од динамиката на изградбата на регионалниот пат како значајна врска за двете населени места. – Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата и очекувам дека градежните работи ќе завршат и…

повеќе...

Пуштен во употреба реконструираниот пат Вапила – Ливоишта

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска свечено го пушти во употреба целосно реконструираниот пат што ги поврзува охридските села Вапила и Ливоишта долг околу 2 километри. Реализацијата на проектот е од суштинско значење затоа што допринесува во подобрување на условите за живот на мештаните од една страна и обезбедува развој на селските средини кои во минатото биле заборавени или запоставени од локалните власти. „Ако пред две години дојдовме тука точно на ова место каде што не пресретна веселата детска насмевка кога го означувавме почетокот на школската година во реконструираното подрачно…

повеќе...

Мисајловски: Над милијарда евра за изградба на патната инфраструктура

Интегрален текст од прес конференција на Владо Мисајловски „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски во изминатиот период беше фокусирана на реализација на капитални инфраструктурани проекти се со цел да создадеме квалитетна транспортна мрежа и поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија. Започнувајки од 2006 година кога ја добивме довербатаод граѓаните започнавме активно да работиме на сите проекти кои ги имавме ветено или ги ветувавме во текот на изминатите години. Со гордост можам да истакнам дека како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во патната и железничката инфраструктура,…

повеќе...

Мисајловски: Милијарда евра во патната инфраструктура во Македонија

По 40-на години се рехабилитира регионалниот пат Лажани-Ропотово-Црнилиште во должина од 17 километри, за што од државниот буџет се одвоени 1,8 милинони евра, изјави министерот за транспор и врски Владо Мисајловски. Тој денеска ја посета општина Долнени каде веќе 10-ина дена се изведуваат работи за рехабилитацијата на регионалниот патен правец. „Започнавме многу регионални и магистрални патишта и овој е еден од оние кои ги ветивме во нашата програма. Интензивно се работи на рехабилитација на овој регионален пат Лажани -Ропотово, – Црнилиште и се очекува до крајот на летото да завршат…

повеќе...

Јавна расправа за оцена на влијание врз животната средина за „Изградба на автопат А2, делница Требеништа – Струга“

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: „Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга “, во вкупна должина од околу 8км во општина Дебрца и истата е достапна за увид. Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга со вкупна Должина од околу 8 км во општина Дебрца ќе се одржи на 23 март 2016 година (среда), во зградата на оппштина Дебрца, с.Белчишта, со почеток во…

повеќе...

Усвоена годишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид

Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, на својата вчерашна седница ја усвои Годишна програма за работа за 2016 година. Програмата за работа на ОСБСП, предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот, со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи. Како што истакна м-р Стефан Димоски, претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална…

повеќе...

Краток прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Денес, на патниот правец Кичево – Охрид кај месноста Врбјани, ќе има прекин на сообраќајот поради изведување на градежни работи (минирање). Прекинот ќе биде од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.

повеќе...

Се расчистуваат патиштата во Дебрца

По налог на Општина Дебрца, Јавното комунално претпријатие „Дебрца”, деновиве заврши со расчистувањето на патот Белчишта – Ново Село, а при крај е расчистувањето на патот Мешеишта – Волино. „На овие патни правци се изврши машинско и рачно отстранување на бујната вегетацијата – капини, ниско стеблески и високо стеблести растенија. Бујната вегетација им пречеше на возачите и минувачите и ја намалуваше прегледноста на патиштата. Со чистењето, безбедноста на учесниците во сообраќајот ќе биде на едно повисоко ниво.“- велат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Мисајловски: Изградени и реконструирани 404 локални патишта

Комплетно го завршивме проектот за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија, кој го спроведуваме од 2010 година до денес. Изградивме и реконструиравме 404 локални патишта со вкупна должина од околу 740 километри или во вредност од околу 65 милиони евра. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој заедно со градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски ја пуштија во употреба улицата „Горно Лисиче“, во должина од 1,6 километри. „Ќе продолжиме со реконструкција и рехабилитација на локални патни правци, на регионалните и магистралните,…

повеќе...

СВР: Граѓаните да не паркираат на „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Кирил и Методиј“ и „Туристичка“

Во врска со најавите за обилни снежни врнежи за утре, а по одржаниот координативен состанок со општинскиот штаб за заштита и спасување, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот, ќе преземе повеќе активности од својот делокруг на работа, со цел одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот на локалните, регионалните и магистралните патишта. Со цел поефикасно работење на службите надлежни за редовно чистење и зимско одржување на коловозите, апелираме до граѓаните, утре од 17 часот да ги отстранат и да не ги паркираат своите патнички…

повеќе...