Груевски: Се инвестираат 46 милиони евра за шест регионални патишта

Шест регионални патишта ќе се градат во 2016 година, а инвестицијата изнесува 46 милиони евра. Регионалните патишта се во должина од 85 километри, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „46 милиони евра во една година за регионални патишта навистина е сериозна инвестиција. На многу граѓани ќе им биде од голема полза“, рече Груевски. Годинава ќе се градат регионалните патишта Кочани-Делчево, Пробиштип – Пониква, Тораница – Саса, патот меѓу мало и големо Коњарево, патот Извор – Бошков мост (Кичево -Дебар) и приклучокот кон Вевчани. Груевски потсети дека покрај регионалните патишта, оваа година…

повеќе...

Успешна работа на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид во периодот од јуни до декември годинава реализира бројни активности кои се дел од програмата. На денешната седница, пред членовите председателот на Советот Стефан Димоски, ги нотира сите активности преку кои се придонесе за превентивно делување во областа на безбедноста во сообраќајот. „По повод Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“, во јуни организиравме две велосипедски дефилеа низ улиците на градот. Учесници беа преставници од локалната самоуправа предводени од заменик градоначалникот Ангел Јанев, членови на велосипедски клубови од…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (сабота) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради работи на пат (минирање) помеѓу 12.30 – 14.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

повеќе...

Мисајловски: Изградба на 24 регионални патишта и 7 автопати во 2016

Следната година активно ќе се работи на 24 регионални патишта и седум автопати со вкупна должина од околу 600 километри, најави денеска министерот за трансппрт и врски Владо Мисајловски. На презентација на отчет за сработеното со над 200 реализирани или почнати проекти, потпроекти и услуги Мисајловски оцени дека 2015 била најуспешната година на Министерството за транспорт и врски која ќе се памети по најголемите инвестиции во овој ресор. „Ја посветивме 2015-та на реализација на големи проекти во патната и железничката инфраструктра, достигнавме рекордна бројка на превезени патници низ двата аеродорми,…

повеќе...

Завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје

За десетина дена завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје и тој ќе биде пуштен во употреба. Започнува реконструкација на два нови автопата и тоа Куманово-Скопје и Смоквица – Гевгелија, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. „Реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје е во сам финиш. Треба да е готова за десетина дена. Се работи за инвестиција од седум милиони евра и за автопат долг 26 километри. Патот беше доста руиниран, имаше доста дупки, им правеше доста проблеми на возачите. За десетина дена би требало да е целосно завршен и пуштен…

повеќе...

Во понеделник прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На 21-ви декември (понеделник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, информираат од АМСМ.

повеќе...

Денес прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање), на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 12.00-14.00 часот.

повеќе...

Продолжуваат едукативните предавања за безбедноста во сообраќајот на патиштата

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, изминативе два дена реализира сообраќајни едукативни часови со најмладите. Едукативни проактивни предавања се одржаа со учениците од III и IV година во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ и со учениците од осмо одделение во основното училиште „Григор Прличев“. Предавањата ги спроведе полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, а беа поврзани со одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќај, системот на сообраќајни знаци и опрема и други аспекти од…

повеќе...

Нов експресен пат Штип-Радовиш, обезбедени 64 милиони евра од ЕБОР

Штип и Радовиш ќе се поврзат со експресен пат, чија изградба ќе почне на почетокот на следната година. Финсиските средства во износ од 64 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Договорот за обезбедените финансиски средства денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет, директорот за Западен Балкан во ЕБОР Холгер Муент и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. „Изградбата на патот ќе претставува модернизација на патната инфраструктура во источниот дел на Македонија и југоисточниот…

повеќе...

Груевски: Сериозни инветиции во регионални патишта

Во тек е изградба или реконструкција на 8 регионални патни правци во земјава во дожина од 119 километри. Инвестицијата е околу 41,8 милиони евра. Се планира почеток на уште 16 регионални патни правци во доолжина од 276 километр, во што ќе бидат инвестирани 388 милиони евра, истакна премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека дел од овие патишта ќе почнат да се градат до крајот на оваа, а дел во следната година. „Во тек на изградба или рехабилитација се 8 регионални патни правци со должина од 119 км и инвестиција од 41,8…

повеќе...