Груевски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево согласно утврдената динамика

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид и во градежните активности што се во тек за изградбата на автопатот Охрид – Кичево во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра. Тој притоа истакна дека градежните активности се одвиваат одлично, согласно утврдената динамика. „Речиси е пробиена целата траса, еден дел почна да се асфалтира како што може да се види на лице место. Планот е накаде до крајот на следната 2016 година дел од автопатот да биде завршен. Осумнаесет километри веќе да…

повеќе...

Денес прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14:00 и 16:00 часот.

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20мин. помеѓу 14:30 – 17:00 часот поради изведување работи на пат (минирање).

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Струга – Подмоље

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље. Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Утре (среда) поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот.

повеќе...

Мисајловски: Инвестиции од 800 милиони евра за нови автопатишта

Со предложениот буџет за 2016 година за Министерството за транспорт и врски се предвидени речиси две милијарди денари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура,изградба на социјални згради, водоводи и канализации, пешачки патеки, жичницата на Водно и други проекти. Овие средства ќе се користат за реализација на започнатите проекти, но, исто така, и за почнување нови што сме ги ветиле во нашата програма, наведува во интервју за МИА министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Резултатите од тековните градежни активности, посочува Мисајловски, се видливи на терен. Во тек…

повеќе...

Заврши обуката за полициските службеници за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денеска во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи во Идризово заврши обуката за новините во новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата за полициски службеници кои непосредно извршуваат активности од областа на сообраќајот. Обуката беше реализирана со цел што поефикасна и ефективна практична примена на Законот. Обуката ја реализираа г. Сали Салија, помошник на директорот во Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи, м-р Стојче Стаменковски , државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи и други претставници од Секторот за сообраќајни работи, кои…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид (планински превој Пресека – с.Врбјани), помеѓу 14:00 и 16:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, поради изведување работи на пат (минирање) .

повеќе...

Утре седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид

Утре во малата сала на општина Охрид, ќе се одржи седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид со следниов дневен ред: Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година Избор на заменик претседател на Советот Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата во сообраќајот поврзана со Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година Тековни работи…

повеќе...