Започна Велигденскиот саем

За првпат оваа година во Охрид започна да се одржува Велигденски саем. На саемот учество зедоа повеќе фирми од Охрид, како и општинските основни училишта и факултетот за туризам и угостителство. Велигденскиот саем се организира во соработка на Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвениот Крст од Охрид и е од хуманитарен карактер. „Овој Велигденски саем има хуманитарен карактер. Сакаме да дадеме свој придонес за на луѓето од социјално загрозените категории да им помогнеме поубаво да ги прослават велигденските празници. Ние заедно со ЈП „Градски пазар“ и Црвениот крст, оваа…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ организира Велигденски саем

По повод велигденските празници ЈП „Градски Пазар“ утре (Велики Четврток) од 11:00 часот во Халата на ЈП „Градски Пазар“ организира Велигденски Саем. На саемот ќе бидат изложени на продажба козињаци, слатки и Велигденски декорации подготвени од ученици од Основните училишта и од охридските производители и уметници. Учениците од основните училишта ќе продаваат рачно изработени Вегигденски декорации, а собраните парични средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ издава деловен простор под закуп

За издавање под закуп на деловен простор од 30 м2 во Градски Пазар Охрид   ЈП градски Пазар Охрид издава под закуп деловен простор на приземје од 30 м2, лоциран на јужната страна во Градски Пазар Охрид, за период од 1(една) година, со почетна цена од 370 ден без ДДВ за м2. Заинтересираните понудувачи потребно е да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават и Решение од централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица, копија…

повеќе...

Преработувачите да откупат 200 тони свинско месо за да се реши дисбалансот, порачуваат Димовски и Рунтевски

На македонскиот пазар се продава квалитетно млеко особено од домашно производство. Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст. Ова се заклучоците од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Како што информираа по средбата, досегашните испитувања на млекото не покажале ниту еден позитивен резултат на патогени или каква било неисправност, поради што бројот на мостри за анализа е намален, наместо еднаш неделно како досега,…

повеќе...

Пониски продажни цени на индустриските производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.1% на месечно ниво, а за 3.4% на годишно ниво. Во јануари 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%. Во јануари 2014, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство…

повеќе...

„Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот кај Стариот чинар

По повод празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар). Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на Бул. Туристичка бр.79 или на тел 046-266-600 Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги на атрактивни локации

ЈП „Градски Пазар“ – Охрид, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации во Градскиот пазар. Од претпријатието информираат дека се нудат тезги за земјоделски производи, занаетчиски производи, текстилни производи, бижутерија. „Условите се многу едноставни, повелете закупете тезга за пласирање на своето производство или за својот бизнис и започнете ја својата успешна приказна“. – информираат од ЈП „Градски пазар“. За подетални информации граѓаните можат да се обратат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600.…

повеќе...

Градски пазар издава под закуп деловен простор

Комисијата за избирање најповолна понуда формирана со Одлука од Директорот на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР“ ОХРИД, бр. 02-87/1 од 30.01.2014 година, распишува: О Г Л А С За издавање под закуп на деловен простор од 30 м² во Градски пазар Охрид ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп деловен простор на приземје од 30 м² лоциран на јужната страна во Градски пазар Охрид, за период од 1 (една) година, со почетна цена од 370 ден. Без ДДВ за м².  – Заинтересираните понудувачи потрено е да достават понуда која ќе содржи понудениот…

повеќе...

Затворен современ пазар и веб-страна се само дел од проектите на ЈП „Градски Пазар“

Директорот на ЈП „Градски Пазар“, Тони Коталески на прес средба информираше за состојбата на претпријатието и за  идните планови во наредниот период на претпријатието. „Ќе почнам со најзначајните и најкапиталните проекти, е изградбата на нов затворен современ зелен пазар, кој го вети Градоначалникот Никола Бакрачески и истиот беше дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година како еден од приоритетните проекти, и еве веќе за нецела година имаме успеси, процедурата е при крај, за скоро време се очекува распишување на тендер за доделување на договор за Јавно…

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ ќе дава бесплатни тезги за Василица и Водици

ЈП „Градски Пазар“ прави се, за Градскиот пазар да биде попристапен за жителите на општина Охрид, Дебрца и пошироко. Деновиве беше извршено санирање на партерот, во и околу Градскиот пазар со цел на потрошувачите да им се овозможи подобар пристап до тезгите. „Беа извршени соодветни градежни работи, со што и корисниците на тезги – нашите коминтенти, поуспешно ќе ја извршуваат нивната дејност, но и потрошувачите полесно ќе доаѓаат до нив“, вели директорот на ЈП Тони Коталески. Коталески во име на менаџерскиот тим на ЈП „Градски Пазар“ и Локалната самоуправа, ги…

повеќе...