Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидност, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П. „Градски Пазар“, Тони Коталески, кој веднаш по неговото назначување за прв човек на ЈП започна со реализација на своите проекти, кои се наменети за сите граѓани на Охрид. „Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до…
повеќе...Tag: пазар
АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Србија
Согласно преземените активности за настап на пазари надвор од Република Македонија деновиве АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Република Србија. „Договорите се однесувааат за изработка и испорака на дистрибутивни трансформатори за Електродистрибуција Београд во износ од 1.780.000,00 еур. и договор за изработка и испорака на расклопни апарати за Електропривреда на Република Србија во износ од 550.000,00 еур. Со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, и се очекува во 2014 година да се реализираат и други договори…
повеќе...Тони Коталески нов директор на Јавното претпријатие „Градски Пазар“
Општинското Јавно претпријатие „Градски Пазар“, од денес има нов директор. Тони Коталески е дипломиран информатичар, исто така има дипломирано царина и шпедиција, а моментално е на магистерски студии по информатика. На оваа позиција доаѓа од Факултетот за туризам и угостителство, каде до сега беше стручен соработник.
повеќе...Зелените и црвените пиперки со најголем пораст на цените на зелените пазари
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и црвените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај лимоните и бананите. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.
повеќе...ЈП „Градски Пазар“ издава под закуп тезги за 2014 година
Јавното претпријатие „Градски Пазар“ објавува оглас за издавање тезги под закуп за продажба на земјоделски производи и бижутерија на просторот на Зелениот пазар за 2014 година. Заинтересираните правни и физички лица за закуп на тезгите кои ги исполнуваат условите, треба да се јават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ на Булевар Туристичка 79, најдоцна до 18-ти декември 2013 (среда), а дополнителни информации можат да добијат во просториите на претпријатието или на телефонот 046/266 600.
повеќе...ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси кај Стариот чинар
По повод Новогодишните и Божиќните празници, Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар). Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до 9 декември, во административните простории на Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид. Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид на Булевар Туристичка ББ или на телефонот 046/266-600.
повеќе...Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Градски Пазар“
Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП Градски Пазар Охрид бр.08-6948/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување на пазари на големо и мало ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид, треба да ги исполнуваат…
повеќе...ЈП „Градски Пазар“ објави оглас за издавање под закуп деловен простор
Ј.П. „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп деловен простор од 30 м² во Градскиот пазар Охрид, за обавување на дејност – продажба на месо и месни производи за перод од 3 (три ) години, односно за периодот од 01.12.2013 до 30.11.2016 година по почетна цена од 370 денари/м2 (без ДДВ). Заинтересираните понудувачи треба да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават Решение од Централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица копија од лична исправа. Понудите…
повеќе...ЈП „Градски Пазар“ Охрид ќе овозможи непречено функционирање на пазарот
Во врска со активностите за изградба на нов покриен пазар на Бул. Туристичка, од ЈП „Градски Пазар“ известуваат дека, со оглед на тоа што ЈП „Градски Пазар“ Охрид е претпријатие кое врши дејност од јавен интерес, секогаш ќе ги застапува интересите на корисниците на услуги и потребите на граѓаните. Во сите фази на реализација на проектот за изградба на нов современ Пазар, ЈП „Градски Пазар“ Охрид ќе овозможи непречено функционирање на пазарот, согласно принципите на сигурност во давање на услугите, континуитет и квалитет на услугите, транспарентност, јавност, достапност и заштита…
повеќе...Утре започнува со работа новиот, трет по ред КАМ маркет во Охрид
Од утре, започнува со работа новиот, трет по ред маркет на КАМ во Охрид. Маркетот ќе се отвори во 10:00 часот на улицата „Партизанска“ – комплекс згради – стара автобуска станица на првиот спрат, од страната на зградата на Телеком – веднаш до локалот на Казиното.
повеќе...