Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Пештани

Две лица ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот и 05 минути се случи на на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на околу 400 метри од пешачкиот остров пред влезот на хотелот Десарет. Од здобиените повреди, на лице место починал Александар Л. (26) од Охрид а на пат према Општа болница во Охрид, во возило од брза помош починал Виктор С. (22) од селото Ваташа-Кавадарци. Двете починати лица се наоѓале на моторцикл марка „Гилера“ со охридски регистарски таблици и по коловозот се движеле од правец на Св.Наум…

повеќе...

Заев во Охрид: Со промените доаѓа сигурна и подобра иднина за Македонија

Претседателот Зоран Заев денеска е меѓу граѓаните на Охрид. Тој утрово се сретна со жителите на Пештани кои срдечно го пречекаа. „Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани“, побараа пештанци. Се краде имот, се крадат гласови. По сите основи сме дискриминирани и обесправени, едногласни се граѓаните. „Промените незапирливо доаѓаат. Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме…

повеќе...

Започна со работа амбулантата во Пештани

Започна со работа амбулантата во село Пештани. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во придружба на директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски ја ставија во употреба оваа здравствена установа која ќе дава услуги од примарната здравствена нега. Амбулантата има три простории и чекална. По распишаниот оглас на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување – ФЗОМ, за лекар во оваа амбуланта е избран д-р Сафет Салкоски. Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца…

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ во Пештани

Денес екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа повторно ангажирани во Пештани со косење и чистење на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на главната улица и пристапноста до плажите.

повеќе...

Повредениот Џорџ престојува во Пештани

Лебедот со повредено крило, популарниот Џорџ престојува во туристичката населба Пештани, односно на пристаништето во центарот на оваа населба. Жителите од ова туристичко место велат дека Џорџ веќе две недели е нивни гостин, станал миленик, но и атракција како за нив, така и за туристите кои го хранат. WebOhrid

повеќе...

Експлозија на плинска боца во куќа во Пештани

Вчера околу 21:00 часот во с.Пештани-охридско избувнал пожар во куќа сопственост на М.Т. (42), кој настанал од експлозија на плинска боца. При пожарот зафатени биле три спрата од куќата, а М.Т. се здобил со изгореници во пределот на рацете. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од ТППЕ – Охрид, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Се средуваат улиците и крајбрежјето во Пештани

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” покрај тековните активности беа ангажирани и на средување на улиците и крајбрежјето во Пештани каде ја косеа израснатата трева, информираат од претпријатието.

повеќе...

Велигденска продажна акција во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Во среда, во 11:00 часот ќе се одржи традиционална Велигденска продажна акција во дворот на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани.  Во 12:00 часот ќе биде отворена Медиотека во училиштето во Пештани финансирана од USAID преку Мировниот корпус во Македонија. Библиотеката располага со голем фонд на книги од познати автори за учениците и целото население во Пештани, кои се вљубеници во убавиот збор. Во медиотеката е инсталиранa e и интерактивна табла која ќе ја користат учениците од училиштето.

повеќе...

Основци од „Св. Наум Охридски“ во посета на Општина Охрид

Во рамките на практичната настава по предметот „ Општество“ , ученици од четврто одделение од ОУ „ Св. Наум Охридски“ од Пештани и подрачното училиште од село Коњско, денеска беа во посета на Општина Охрид. Учениците посетија дел од службите на Локалната самоуправа и се интересираа за нивното функционирање и за реализирањето на барањата на граѓаните.

повеќе...