Змија лови риби пред очите на капачите

Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат. Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.…

повеќе...

Голема акција за чистење на охридските плажи на Денот на Охридското езеро

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ утре ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро. По тој повод, ги повикува месните заедници од крајбрежјето да се приклучат во голема акција за чистење на охридските плажи. „Информацијата ја испративме до Општините Охрид и Струга и до ЗЕЛС. На повикот се огласија следните месни заедници: Лагадин, Трпејца, Пештани, Љубаништа и Елшани. Секако дека се надевавме на многу поголем одѕив со оглед на тоа што Охрид е нивниот дом и граѓаните и локалната самоуправа би требало да ја користат секоја можна прилика за негово подобрување. Во секој случај,…

повеќе...

Распишан оглас за продажба на 17 парцели во Дојран

На 22 јуни годинава завршува јавниот повик за изградба на дополнителни 2.800 метри патека околу Дојранското езеро како продолжение на веќе изградената од 2.600 метри, а изработена е и проектна документација за 1.350 метри нови плажи, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. На работната средба со градоначалникот Борче Стамов во Дојран, Мисајловски најави дека проектот за патеката предвидува целосно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната инвестицијата е 32 милиони денари. Како што соопшто Министерството за транспорт, фокус на состанокот беше и објавениот оглас за продажба на 17 градежни…

повеќе...

Изработена документација за 1.350 метри нови плажи во Дојран

На 22-ри јуни годинава завршува јавниот повик за изградба на дополнителни 2.800 метри патека околу Дојранското езеро како продолжение на веќе изградената од 2.600 метри, а изработена е и проектна документација за 1.350 метри нови плажи, соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. На работната средба со градоначалникот Борче Стамов во Дојран, Мисајловски најави дека проектот за патеката предвидува целосно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната инвестицијата е 32 милиони денари. Како што соопшто Министерството за транспорт, фокус на состанокот беше и објавениот оглас за продажба на 17 градежни парцели…

повеќе...

МЗ Лагадин и ЕКО Друштво Лагадин: Приговор за зачувување на мирот, спокојот и природата на УЕ Лагадин

Денес жителите на УЕ Лагадин до надлежните органи и ресорни министерства го испратија приговорот за зачувување на мирот, спокојот и природата во населба Лагадин и крајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани. Приговорот е потпишан од околу двесте лица, сопственици на домови и комерцијални објекти во населбата и долж крајбрежјето, што се всушност сите жители со само неколку искучоци. Сите имаат едногласен став дека на Лагдин ниту на Охридското езеро кое светот го препознал по своите автентични природни богатства, не му доликува да стане лоша мегаломанска копија на медитеранските летувалишта. Охрид нуди богата…

повеќе...

Исчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца

ЈП „Охридски Комуналец“ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца. „Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад. Во с.Пештани беа подигнати 7 м3 трска и 10 вреќи отпад, додека во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад. Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните, со цел да не…

повеќе...

Нови плажи на Преспанско Езеро до почетокот на сезоната

До средината на јуни годинава ќе бидат уредени две нови модерни плажи во должина од 600 метри кај населбите Стење и Сливница на брегот на Преспанското Езеро. Почетокот на градежните работи беше означен денеска кај Стење, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претставници на ресенската локална самоуправа. Во Стење се уредува 500 метри плажа, а на источниот брег во Сливница 100 метри. Инвестицијата изнесува 77 милиони денари и треба да придонесе за заживување на туризмот во препанскиот регион. Плажите ќе имаат многу содржини, игралишта за…

повеќе...

Јавна анкета за избор на најдоброто јавно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридското езеро

Министерството за транспорт и врски имформира дека на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро. Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа: Уредување на 120 метри плажа во населеното место Далјан, Уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, · Уредување на 700…

повеќе...

Ќе се бира идејно решение за уредување на пет нови плажи на Охридското езеро

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека утре (недела, 23.11.2014 година), во 11:30часот, во Министерството за транспорт за врски ќе се одржи брифинг на тема: Уредување на пет нови плажи на Охридското езеро и јавно гласање за избор на најдобро решение.

повеќе...

Познати локациите каде ќе се градат петте најсовремени плажи во Охрид

Пет најсовремено уредени плажи ќе добие Охрид. Истите ќе бидат уредени по највисоки стандарди , со сите можни содржини за забава и рекреација. По неодамнешниот работен состанок со претставници од Министерствата за транспорт и врски и за одбрана како и со претставници од Капетанијата, градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека веќе се утврдени локациите за модерните плажи. „Таа што ќе биде кај постоечката плажа Љубаништа и другата на потегот кај Лагадин ќе бидат во должина од 500 метри. Една од тие модерни плажи ќе биде лоцирана помеѓу каналот Студенчишта и хотелот…

повеќе...