Еднодневна акција за собирање и селектирање на отпад и чистење на плажите

Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои…

повеќе...

Концесионерите на плажите мора да работат согласно законските прописи

Надлежните служби од општина Охрид заедно со претставници од локалниот и државниот инспекторат, Управата за јавни приходи, Капетанијата, Црвен Крст и МВР, денес  во зградата на Локалната самоуправа одржаа координативен состанок со концесионерите на охридските плажи. Целта  на средбата беше да се укаже на обврските кои концесионерите ги имаат согласно потпишаните  договори  за закуп односно почитување на јавниот ред и мир, поставување на  урбана опрема на утврдена површина, почитување на работното време, уредно обележување на капалиштата, димензионирање на бројот на спасители зависно од големината на капалиштето, соодветен пристап на пловните…

повеќе...

Јанакиески: Уредување на плажите во Дојран за повеќе туристи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  во Дојран изврши увид во градежните активности за уредувањето на градската плажа на Дојранското езеро.  Се уредуваат плажата, шанковите, игралиштата, просторот за деца, тоалетите и платформата на вода.  Сите активности треба да бидат готови до средината на месецов, со цел подобрување на туристичката понуда на Дојран. „Околу 15-ти јули ќе завршат градежните работи иако согласно договорот требаше да завршат до крајот на месецот. Јас повторно ќе дојдам и во наредниот период за да бидам во тек со работите бидејќи има доста отворени прашања…

повеќе...

Уште не ни дојде умот (Црна точка на патот Охрид- Пештани кај плажата Атлантик)

Уште не се научивме! Уште не ни дојде умот! Уште колку сообраќајки треба да се направат на ова место, на овој чуден и непотребен превалец на патот Охрид – Пештани?! Уште колку жртви треба да земе оваа голема црна точка кај новата плажа Атлантик*?! Уште  колкумина  млади возачи и патници треба да  загинат и уште колку  споменици треба да  стојат речиси на патот (веднаш до коловозот!) на местото на несреќите  на ова  мошне прометно место кај Елешец?! И кој треба да реагира освен локалните жители од Елшани и Елешец и…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Џ.(50) од Охрид. Во периодот од 9-ти јули до 16-ти август минатата година, пријавениот со намера за владение без било каков правен основ, кај плажата „Корали“ завзел  туѓа недвижност односно имот сопственост на Република Македонија во вкупна површина од 5082 метри квадратни. Просторот го оградил и без одобрение за поставување на урбана опрема издадено од градоначалникот, поставил три покриени шанкови  со разни димензии, три летни тераси, една кружна дрвена настрешница, една метална…

повеќе...

Јанакиески: Новите инвестиции во Дојран ќе го зголемат бројот на туристи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува зголемување на бројот на туристи во Дорајн со двете нови инвестиции што треба да се реализираат во ова туристичко место. Кон почетокот на март како што денеска најави се очекува да започнат градежните работи на патеката што ќе ги поврзува Стар и Нов Дојран, а во текот на следната недела ќе се оддржи и јавна аукција за плажата во Дојран, „Се работи за патека нешто повеќе од 2 километри, со тоа целосно ќе се поврзат Нов и Стар Дојран и тоа ќе…

повеќе...

Заврши анкетата за избор на идејни решенија за уредување плажи

Заврши анкетата на Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за девет идејни решенија за уредување четири плажи на Преспанското Езеро и пет на Дојранското Езеро, пристигнати на конкурсот за таа намена. Министерството за транспорт соопшти дека согласно резултатите од електронското гласање, за идејно решение за плажите Граница, Титови пионери, Калдрма, Карач, Градска плажа и Стара Мрдаја на Дојранско Езеро, од вкупно 1.492 гласови, првото идејно доби 49 проценти. Второто решение освои 19 проценти од гласовите,  за третото се дадени 2 проценти од гласовите, а за…

повеќе...

Презентиран проектот „Превенција и безбедност во и околу вода“

Полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро, преку мисијата на ОБСЕ, заедно со Црвениот Крст Охрид и Капетанијата го реализираа проектот „Превенција и безбедност во и околу вода“. Како што кажа портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, овие три субјекти се партнери во реализирањето на многу проекти и активности на полицијата, а пред се имаат превентивен карактер. Командирот Џајко Џајкоски од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро денес го презентираше проектот со PowerPoint презентација, на која што присутните имаа можност да видат и слушнат низа корисни информации. „Многу…

повеќе...

„Beachvolleyball Оhrid 2013“ – дел од програмските активности за заживување на спортот

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска ги посети организаторите и учесниците на седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија „Beachvolleyball OHRID 2013“ кој се одржува од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција). „Денес имаме можност да присуствуваме на текот на одвивањето на овој, веќе можам слободно да кажам, традиционален турнир во одбојка на песок кој што се организира токму на ова место. Тоа е еден дел од нашите програмски активности со кои што ние во изминативе години, оваа година, а…

повеќе...

Започна „Beach Volleyball“ Охрид 2013

Вчера   со  турнирите   за   рекреативни  натпреварувачи  и  за   одбојкари  до  20  години, започна седмото по ред Отворено првенство во одбојка на песок Охрид 2013. Рекреативните  и  јуниорските  натпревари  се  само  увертира  на  професионалниот турнир кој треба да започне од утре и до недела на публиката на плажата Бафало во Охрид да им ја понуди најновата атракција на песок. На турнирот до сега се пријавени 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Од  страна  на  македонските  екипи,  за  највисок  пласман  се  очекува  да  се  борат тимовите на…

повеќе...