Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен олимписки пливачки маратон

Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум. На вечерашниот технички состанок претставници на организторот и претставниците на ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во…

повеќе...

За прв пат во Охрид ќе се одржи Олимписки пливачки маратон

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2017“ кој ќе се реализира во сабота (12.08.2017) на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште – х.Палас и х. Милениум. Стартот на трката предвидено е да биде во 12:00 часот, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот кога ќе се доделат медали на победниците. За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати…

повеќе...

Во среда ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 38-ми пат, на 02.08.2017 год. (среда), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот Парк. Пристигнувањето…

повеќе...

Томи Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Спортист на годината 2010, освојувачот на Светската серија во маратонско пливање за 2016 и еден од носителите на Националното спортско признание за врвни спортски остварувања, Томи Стефановски беше гостин во куќата на спортот. На 14 август 2009 година, Стефановски го совлада каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на каналот Ла Манш. На тој начин, тој стана третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.…

повеќе...

Доделени дипломите на децата од пливачката школа „Охридски бранови 2008“

Денес на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори“ на сите членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ им беа доделени дипломи за завршен курс по пливање. Исто така, годинава на традиционалниот 37-ми Илинденски пливачки маратон, на тројца членови од пливачката школа, Ана Бошалеска, Петар Бошалески и Владимир Велјаноски им беа доделени и дипломи за учество на истиот. „Оваа година времето одлично не послужи, секој ден имавме тренинзи на кои децата со забрзано темпо ги изучуваа тајните на пливањето. Јас како тренер сум многу задоволна од работата и тоа како…

повеќе...

Томи Стефановски е победник на 30 Охридски пливачки маратон

Томи Стефановски е овогодинешниот победник на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:55:18:97 часа. Второто место му припадна на Италијанецот Едоардо Сточино кој пристигна за 5:55:34:37 часа, додека пак трет на финишот пристигна Евангелиста Матеус од Бразил за 5:55:34:37 часа. „Ова е неверојатно. Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен и среќен бидејќи Охридскиот маратон е мојот омилен маратон, маратон кој што има голема репутација во…

повеќе...

Утре по 37 пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 37-ми пат, утре, 2-ри август (вторник), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2016. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата на х. Парк. Пристигнувањето на…

повеќе...

Почина охридската пливачка легенда – Александар Леко Радиќ

Во Охрид, на 87 годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ. Погребот ќе се изврши утре 18-ти јуни, на градските гробишта во Охрид. Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани. Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики…

повеќе...

Предновогодишен и несекојдневен тренинг во вода на РК „Седмерец“ Охрид

Членовите на ракометната школа „Седмерец“, Охрид одржаа несекојдневен тренинг, невообичаен за она што секој тренинг го работат во спортска сала. Овој тренинг членовите на „Седмерец“ го одржаа во еден подруг амбиент, односно во затворениот базен во хотелот Тино. Професорките Катерина Стојаноска и Олгица Грозданова Зиврев дојдоа до оваа идеја се со цел на членовите од Школата за ракомет да им приредат едно предновогодишно и несекојдневно изненадување- тренинг во вода со што ја заокружија 2015 година. „Тренингот во вода, односно вежбањето во вода треба да се практикува преку целата година, бидејќи…

повеќе...

Евгениј Поп Ацев на прием во Агенцијата за млади и спорт

Победникот на Охридскиот маратон и истовремено најдобриот Македонски пливач на долги патеки, Евгениј Поп Ацев беше гостин во куќата на спортот. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески најпрвин му го честита големиот успех во Охрид, како и моментално најдобриот успех во Македонското маратонско пливање – првото место на Гранд – при серијата на маратони. Имено, после двете втори места изминативе две години, Поп Ацев конечно се искачи на врвот на листата во генерален пласман и со тоа направи историски успех за Македонското маратонско пливање. Истовремено, тој учествува…

повеќе...