За што сè се користат бовите во Охридското Езеро

Покрај нивната примарна цел, бовите се користат и како реквизити за сончање, капење и скокање во вода. Којзнае, можеби ќе бидат дел од некои идни водени лудории на пример: „Кој прв до бовата“, „Стој на бова“ (мирни води и разбранувано езеро), „Најбрзо качување на бова“, „Најспектакуларен скок од бова“ и.т.н. Има безброј можности за „употребата“ на бовите, а дали тоа е дозволено е сосема друго прашање. WebOhrid

повеќе...

Кучињата пливаат заедно со децата

И ова лето можевме да се увериме дека човековиот најверен пријател оди секаде со газдата, па дури и во езеро. Ова куче пливаше заедно со децата на плажата во Елешец, а дали им пречеше на присутните…!?! WebOhrid

повеќе...

Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон 2015

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-то издание на Охридкиот пливачки маратон. Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа. Првото место во женска конкуренција и припадна на Алиса Франко од Италија, која патеката ја преплива за 5:44:03 часа.Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и…

повеќе...

Се е подготвено за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Во сабота Охрид е домаќин на 29-тиот Охридски пливачки маратон. На 30-километарската патека „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 20 пливачи, 10 мажи и 10 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Канада, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија и Франција. Како минатата така и оваа година општина Охрид застанува зад целокупната техничка организација на овој голем меѓународен настан. „Охридскиот пливачки маратон, како спортски настан со долгогодишна традиција и светско реноме е од голема важност за Локалната самоуправа .…

повеќе...

Марко Блажевски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го прими најдобриот пливач и остварувачот на норма за ЛОИ во Рио, Марко Блажевски. Успесите кои тој ги оствари во Москва со освојување на 5-то место на Светскиот куп ги продолжи во Казан Русија на 400 метри мешано каде оствари норма за настап на претстојните олимписки игри. Блажевски оствари резултат 4.25.57 на 400 метри мешано, додека пак нашата најдобра пливачка Анастасија Богдановски на истото натпреварување оствари норма за ЛОИ пливајќи 0.56.12 на 100м слободен стил, а 200 метри слободно исплива за…

повеќе...

Величествен дочек на „сребрениот” Андреј Стојаноски

Андреј Стојаноски(20) постигна голем успех на Светското првенство во пливање за спортисти со оштетен слух, кое од 17-22.08.2015 година, се одржа во Сан Антонио, САД. Македонецот Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободен стил оствари време кое му беше доволно да го освои сребрениот медал. Тој имаше најдобар резултат во квалификациите, со што се пласира во финалето на трката од 1.500 метри слободно и со време од 16 минути, 57 секунди и 13 стотинки го освои второто место во дисциплината во која имаше најголеми очекувања. Стојаноски е член на пливачкиот клуб…

повеќе...

Финишираат подготовките за годинешниот охридски пливачки маратон

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29-ти август ( сабота) на патеката „Климе Савин“, од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри. Организаторите на годинешниот 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија. На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. На…

повеќе...

Утре по 36-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 36-ти пат, на 2 август (недела), на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 35 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10:00 и во 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен хотел Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се…

повеќе...

Марко Блажевски и Анастасија Богдановски пред нов предизвик

Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, олимписките стипендисти на МОК, ќе настапат на светското првенство во пливање во Казан, Русија. „Планираните подготовки и натпревари целосно се реализираа. Во овој период Блажевски и Богдановски настапија на Arena Pro Сwim Series во Меса (Аризона) и Шарлот (Северна Каролина). Финансиските трошоци за овој натпревар во целост ги покри Македонскиот Олимписки Комитет. Следниот натпревар на кој настапија беше на Arena Pro Swim Series во Шарлот (Северна Каролина) од 14-17.05.2015 година. Во целост трошокот на пливачите за овој натпревар го покри Македонскиот Олимписки Комитет. Во овој…

повеќе...

Викендов официјално ќе биде отворен градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд (4-5 јули) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето. Градскиот базен ќе работи секој ден од 08:30 до 20 часот, така што во работен ден (понеделник – петок) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08:30 до 12 часот и попладне од 17:30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12-18 часот. За време на викендите (сабота и недела) градскиот…

повеќе...