Охриѓани и гостите Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад

Со огномет, песна и насмевки охриѓани, но и бројните гости Новата 2017-та година ја дочекаа на Охридскиот плоштад. На температура неколку степени под нулата, охриѓани и гостите се забавуваа до раните утрински часови, а за добрата забава на Градскиот плоштад се погрижија пејачите Елена Велевска и Ѓоко Танески.

повеќе...

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад во Охрид

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг започнa попладнево со настап на ди-џеј Аце. Вечерва од 22:00 до 22:45 часот ќе настапи ди-џеј Нести, потоа ќе следи настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со пејачката Елена Велевска. WebOhrid

повеќе...

СВР Охрид им делеше новогодишни лампиони на возачите

Во пресрет на новата 2017 година, СВР Охрид, ја реализира традиционалната активност – новогодишен подарок за туристите. На булеварот „Македонски просветители“ пред кружниот тек на Градскиот плоштад, портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски, заедно со неколку полициски службеници им доделија лампиони на возачите. „На овој начин, со доделување на новогодишен лампион, сакаме на охриѓани и на туристите кои ќе слават во Охрид, да им посакаме среќна и безбедна 2017 година.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. WebOhrid

повеќе...

Предновогодишен настап на учениците од ОУ „Христо Узунов“

Во рамки на предновогодишните празнувања кои започнаа на 20ти декември на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, денеска со културно-уметничка програма настапија учениците од Основното училиште „Христо Узунов“. Утре, во редовниот термин од 12 до 14 часот настапуваат учениците од средното училиште „Св.Климент Охридски“, а предновогодишните празнувања завршуваат во петок на 30ти декември со настап на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

повеќе...

Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ испратија новогодишни пораки за безбеден сообраќај

Со денешната активност „Новогодишни пораки за безбеден сообраќај“, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ја заокружи работата за 2016 година. Денес, во рамките на предновогодишната програма на Градскиот плоштад, во соработка со детската градинка „Јасна Ристеска“, најмладите ги испратија новогодишните пораки до сите учесници во сообраќајот. Тие, со испишани пароли за поголема безбедност и внимателност во сообраќајот, излегоа на сцената и на возрасните им упатија серија пораки со кои, од возачите на автомобили и другите учесници побараа поголема совесност и одговорност во сообраќајот. Во пресрет…

повеќе...

Трет ден од предновогодишната забава на охридскиот плоштад

Во рамките на предновогодишната програма, што се одржува на градскиот плоштад Свети Климент Охридски секој ден од 12 до 14 часот, денеска настапија учениците од ОУ „Братство-Единство“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Покрај програмата, учениците од угостителското туристичко училиште „Ванчо Питошески“ имаа отворено и посебен штанд на кој бесплатно делеа пецива и колачи кои сами ги подготвиле. Вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, а утре ќе настапат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

Продолжува предновогодишната забава на плоштадот во Охрид

На Градскиот плоштад и денеска продолжи реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма што ја организира Општина Охрид. Денес настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ со културно – уметничка програма. Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници. А.Андриоски

повеќе...

И годинава Охрид украсен како од бајките

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2017 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која е во златна боја. Инаку, од денес на градскиот плоштад започна дванасетдневната предновогодишна програма, што ја организира општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Започна предновогодишната програма на градскиот плоштад

Со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад, денес, започна предновогодишната програма што ја организира општина Охрид. Први што ќе настапат се учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници. ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

повеќе...

Поставена новогодишната елка на охридскиот плоштад

Службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија денес ја поставија новогодишната златна елка на градскиот плоштад во Охрид. Изминативе неколку денови, службите на општината и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните празници.  За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.

повеќе...