Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец, информираат од претпријатието. „Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.“– додаваат оттаму.
повеќе...Tag: плоштад
Со повеќе активности ќе се одбележи Светскиот ден за прва помош
Повеќе од 150 години, Црвениот крст и Црвената полумесечина е лидер во светот во обезбедувањето на обуки и реализација на активности од првата помош. Во 2014-та година, обучени се повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет, во 116 Национални друштва на Црвениот крст. И Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата за првата помош особено меѓу младите. Токму затоа, со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (10 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините…
повеќе...Започнува манифестацијата „Ohrid craft expo“
За прв пат на плоштадот „Крушевска Република“, утре ќе се одржи Манифестацијата „Ohrid craft expo“, каде искусните занаетчии ќе понудат дел од своите уникатни ракотворби, а се очекува ваквите манифестации да поттикнат и континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата. Имајќи во предвид дека активната и непосредна презентација на целокупната понуда на градот во сегментот на алтернативните форми на туризам неминовно ја налага потребата од организација на низа манифестации и поддршка на активности и настани поврзани со промоцијата на туристичките…
повеќе...Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените
Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…
повеќе...Вечерва хуманитерен концерт на градскиот плоштад
Вечерва со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад, ќе одржи голем хуманитарен коцерт за помош на настраданите од Скопскиот регион. Концертот се реализира по иницијатива на фолк пејачката, Елена Велевска, а е во организација на општина Охрид. „Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се избават од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва…
повеќе...Одржан фестивалот „Охридски бисер“
Викендов на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со КУД „Охриѓанка“, беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Охридски Бисер“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Бугарија, две групи од Израел и две групи од Турција. На фестивалот имаше околу 280 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.
повеќе...Концерт на Воениот оркестар на АРМ на градскиот плоштад во Охрид
Утревечер со почеток во 20 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, Воениот оркестар на Генералштабот на АРМ ќе одржи едночасовен концерт. Концертот е во рамките на нивната летна концертна сезона и претстува уште една културна содржина во богатата културна понуда на Охрид. На програмата ќе бидат дела од македонски и странски автори.
повеќе...Хортикултурно се уредува центарот на Охрид
Изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности хортикултурно го уредуваa центарот на градот. „Во парковите кај плоштадот, малиот плоштад и на кејот „Македонија” беа засадени нови садници од сортите „игератум”, „салвија”, „петунија” и „џунџуле”. Исто така „џунџуле” беше засадено и на кружниот тек кај Охридска банка.“- информираат од претпријатието.
повеќе...Одржана 15-та Матурска парада на плоштадот во Охрид
Oколу 450 матуранти од четирите охридски средни училишта ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, беа дел од манифестацијата Матурска парада 2016. Охридските матуранти по 15-пат на плоштадот „Св.Климент Охридски“ заиграа квадрил на музика од Штраус. Настапот на матурантите го проследи и градоначалникот Никола Бакрачески кој во своето обраќање до нив упати порака во иднина да бидат успешни, но потсети и дека треба секогаш да останат чесни луѓе. „Завесата на животот е високо подигната и пред вас се отвора нов прозорец на можности.…
повеќе...Одбележан Денот на шегата во ОУ „Христо Узунов“
Традиционално учениците од ОУ „Христо Узунов“ го одбележаа 1ви април- Денот на шегата. „Учениците и наставниот кадар со голем број најразлични маски продефилираа во училишниот двор, а потоа по улиците на градот, а потоа заминаа на градскиот плоштад каде се придржија на пригодната програма. Весел и прекрасен ден е 1ви април за дружење и сега на учениците“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
повеќе...