Второоделенците од ОУ „Григор Прличев“ го одбележаа Денот на шегата

Со интересни, разновидни маски од омилените ликови и второоделенците од ОУ „Григор Прличев“, попладнево се приклучија во одбележувањето на 1ви април, Денот на шегата. Тие заедно со своите учителки прошетаа по градскиот кеј, на плоштадот и низ чаршијата. WebOhrid

повеќе...

ОУ„Григор Прличев“ се приклучи во одбележувањето на 1-ви април

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ го одбележаа први април, Денот на шегата со дефиле и шеговити маски. „Учениците со посебна радост се приклучија во прошетката низ градот и уживаа во организираната програма на градскиот плоштад. “- велат од училиштето.

повеќе...

Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ го одбележаа Денот на шегата

Со музичко сценски хепенинг, многу шега и смеа најмладите охриѓанчиња згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и ученици од основните училишта во градов на градскиот плоштад го одбележаа Први април – Денот на шегата. Можеа да се забележат најразлични и интересни маски пеперутки, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати. WebOhrid

повеќе...

Заев: Ти си таа промена, заедно за Македонија!

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ денес во Охрид организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“. Маршот започна од спортскиот центар „Билјанини извори“, а продолжи по булеварот Туристичка, низ Чаршија и  заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид. По завршување на маршот, свои обраќања имаа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски,  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените,…

повеќе...

Љубаништа доби мини плоштад

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше во охридското село Љубаништа каде Локалната самоуправа и охридските јавни претпријатија го уредија просторот околу спомен обележјето на Паднатите борци, со што жителите добија мини плоштад, односно уреден простор за одмор и дружење. „Во рамки на нашата востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во општина Охрид, градски и приградски средини како и села а препознавајќи ги приоритетите на мештаните на Љубаниша и одговарајќи на нивните барања, изминатиов период го уредивме простор околу спомен обележјето на Паднатите борци во ова село.…

повеќе...

Се уредува плоштадот во Љубаништа

Во селото Љубаништа, денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ започна со уредување на плоштадот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето на паднатите борци. Предвидено е просторот партерно да се уреди со поставување на околу 220 м2 бехатон плочки, коловозни ивичници, парковски ивичници и потпорни ѕидови. Плоштадот, дополнително, хортикултурно ќе биде оплеменет, ќе се постави фонтана и шест клупи. Активностите за уредување на плоштадот се очекуваа да завршат до крајот на наредната недела.

повеќе...

Околу 250 деца во Охрид го навестија Христовото раѓање

Околу 250 деца беа дел од денешната бадникова литија што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред се одржува во Охрид. Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди во рака децата на симболичен начин го навестија Христовото раѓање. Поворкатa тргна од пред храмот „Св. Георги“ – Горна Влашка мала и се движеше по улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“ и продолжи до градскиот плоштад. Точно напладне непосредно до Бадниковата пештера на Плоштадот, децата беа пречекани од претставници на Локалната самоуправа кои заедно со група верници им даруваа подароци односно пакетчиња. Поворката…

повеќе...

Учениците од ОУ „Братство Единство“ настапија на градскиот плоштад

Во рамки на предновогодишната програма која ја организира Општина Охрид, денес на градскиот плоштад пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Братство Единство“ со културно – уметничка програма. Новогодишната програма во Охрид ќе започне утре точно напладне со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“. Познатата македонска група „Компас бенд“ ќе настапи од 21.10 до 21.50 а од 21.50 до 22.30 ќе настапи младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски. Од 22.30…

повеќе...

Калиопи за дочек на Нова година во Охрид

Мега ѕвездата Калиопи Букле, Викторија Лоба, Боби Мојсоски, „Компас бенд“ и „Билјана Јуниор“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016 Година во Охрид. Од локалната самоуправа ветуваат незаборавна забава за најлудата ноќ во годината и ги покануваат охриѓани и гостите да присуствуваат на градскиот плоштад. Новогодишната програма во Охрид ќе започне точно напладне на 31 овој месец со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“.…

повеќе...

Основците од „Св.Наум Охридски“-Пештани настапија на градскиот плоштад

Продолжува дванаесетдневната предновогодишна програма на градскиот плоштад.   Во рамки на програмата вечерва пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани со културно – уметничка програма.  А.Андриоски

повеќе...