Викторија Лоба, Боби Мојсовски, „Компас бенд и „Билјана Јуниор“ за дочек на Нова година во Охрид

Музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсовски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. „Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости за новогодишните празници.…

повеќе...

Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад

На Градскиот плоштад и денеска продолжува реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма. Денес на програмата се учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти со културно – уметничка програма. Настапот започнува во 17:30 часот, а ќе трае до 19:30 часот. Вчера попладнето предновогодишната програма ја започнаа „Распеаните рибарчиња“ и „Распеаните ѓерданчиња“.

повеќе...

Охрид украсен како од бајките

Охриѓани и посетителите на Охрид за претстојните Новогодишни и Божиќни празници можат да уживаат во празничниот амбиент. Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило е дополнето со ѕвездено небо кое блесна по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот. Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити има и детски тунел. Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана…

повеќе...

Започнува дванаесетдневната Новогодишна програма на градскиот плоштад

На Градскиот плоштад, од денес започнува дванасетдневната Новогодишна програма, што ја организира општина Охрид. На плоштадот ќе биде поставена бина на која што учесниците ќе ги изведуваат своите настапи. Први кои што ќе настапат се учесниците на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ и најмладите членови од хорот при КУД „Гердан“ – „Распеани Герданчиња“. Во деновите од викенд програмата ќе се одвива од 12:30 часот до 14:30 часот, а во работните денови од 17:30 часот до 19:30 часот.

повеќе...

„Биди ѕвезда не фрлај петарди“ – младите во Охрид се едуцираат од опасноста од пиротехниката

Под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Утре напладне, на плоштадот „Св.Климент Охридски“, во соработка со Секторот за образование при општина Охрид ќе се органиизира јавен настан со учество на ученици од шестто до деветто одделение од основните училишта „Св.Климент Охридски“, „Григор Прличев“„Христо Узунов“ и „Братство- Единство“. Учениците ќе испишат плакати со пораки за опасностите од злоупотребата на пиротехнички средства. Вчера во ОУ„Христо Узунов“ се одржаа едукативни предавања на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“. Целта на проектот…

повеќе...

Хепенинг на градскиот плоштад

Во рамки на чествувањата посветени на „Свети Климент Охридски“- Патрон на градот, денес на градскиот плоштад се одржа музички хепенинг на кој учествуваа децата згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од охридските основни училишта. По повод претстојниот празник, утре, во 16 часот од градскиот плоштад ќе има групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот, во ЦК „Григор Прличев“, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, а половина час подоцна со свеченост патронатот ќе го одбележат и гимназијалците од…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во акцијата „За посреќно детство“

ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид даде свој придонес со поддршка за спортско рекреативната хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на „Црвен Крст“ – Охрид. Учениците од Младинската организација како волонтери беа вклучени во целокупната организација на настанот, додека пак професорката Катерина Стојаноска беше одговорна за учеството на спортските игри со учениците од паралелките за ракомет, фудбал и кошарка презентирајќи ги спортските способности и вештини на присутните. Под мотото „Дружи се, спортувај, забавувај се, биди хуман“! тие учествуваа на спортските игри на Градскиот плоштад со цел да се донираат средства…

повеќе...

Во сабота ПХВ поетски читања на малиот плоштад кај „Мини маркет“

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за…

повеќе...

Свечено пуштен во употреба новиот плоштад кај Мини маркет

Во присуство на голем број граѓани, синоќа беше пуштен во употреба новиот плоштад во непосредна близина на ОМУ “Методи Патчев“. Свеченоста на настанот беше збогатена со настапот на Габриел Наумоски на виолина и Џеврие Туле на пијано, ученици во ОМУ “Методи Патчев“, а школскиот хор од ОУ “Христо Узунов“ ги исполни композициите “Огниште“ и “Молитва за Охрид“. Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред насобраните граѓани истакна дека нивниот број инспирира, мотивира, но и обврзува да продолжиме да твориме во иднина и да се собираме на уште…

повеќе...

Вечерва ќе биде во употреба плоштадот кај Музичкото училиште

Вечерва со пригодна културна програма, со почеток во 20 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, свечено ќе го пушти во употреба новоизградениот плоштад кај поранешниот „мини- маркет“ во близина на музичкото училиште. Плоштадот е со површина од 970 метри квадратни, има две фонтани и мал амфитеатар.По целата должина ,плоштадот е обложен со гранитни и бехатон плочки и камени коцки.Поставени се клупи за седење, канти за отпадоци, а целиот простор е хортикултурно уреден и осветлен според најсовремени стандарди. Овој крупен зафат, кој чини 8.688.925,оо денари , на барање на Локалната самоуправа, го реализираа…

повеќе...