Хортикултурно уреден плоштадот кај Музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија новиот плоштад кај Музичкото училиште „Методи Патче“. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет. „Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Јане Сандански“: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки. Се формираа зелени појаси околу дрворедот по „Булевар Туристичка“ каде…

повеќе...

Одложено пуштањето во употреба на плоштадот кај Мини маркет

Поради трагичниот настан кој вчера се случи во Охрид во кој животот го загуби млад човек планираното свечено пуштање, во употреба на плоштадот кај Мини маркет се одложува за 7-ми септември (понеделник) со почеток во 20:00 часот. Градоначалникот Никола Бакрачески во свое лично име и во име на Локалната самоуправа, изразува длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот млад човек .

повеќе...

Олдтајмерите го разубавија Охрид

Со доделување на признанија за учесниците, синоќа заврши манифестацијата „Олдтајмер ревија Охрид 2015“, на која учествуваа триесетина стари автомобили од Република Македонија и земјите од соседството. На овој атрактивен настан, кој се организира со поддршка на општина Охрид, се обрати и ги додели признанијата, заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Човек не може да остане равнодушен кога ќе ги погледне овие автомобили кои два дена дефилираат низ Охрид и ја разубавуваат вкупната туристичка атмосфера. Секој автомобил има своја приказна која не потсетува на минатите времиња, во кои многумина од нас не сме…

повеќе...

Деловните простории кај „Мини-маркет“ конечно добиваат пристап

Деловните простории на потегот од „Мини-маркет“ па се до Музичкото училиште „Методи Патче“ конечно добиваат пристап.  Градежните зафати на овој потег, за изградба на мини-плоштад, започнаа во декември минатата година, а од тогаш па до денес, сопствениците и вработените во деловните простории, меѓу кои и Банката и Поштата, но и сите граѓани и гости беа приморани да газат кал или прашина во зависност од временските услови. Добрите вести се тоа што деновиве се интензивирани градежните зафати на овој потег, а од денес, со партерното уредување, деловните простории веќе добиваат пристап,…

повеќе...

Утре ќе се одржи традиционалната матурска парада

Утре, 22-ри мај (петок), на Градскиот плоштад, со почеток во 12:00 часот охридските матуранти, како дел од големата европска манифестација „Матурска парада 2015“, која годинава ќе се одржи по 10-ти пат, ќе танцуваат квадрил на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“. Десет минути пред почетокот на танцот, на градскиот плоштад, на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

повеќе...

Розов дожд на охридскиот плоштад

Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид.  WebOhrid

повеќе...

Одржана манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“

Во организација на Општина Охрид, Црвен Крст, Одделението за превенција при СВР Охрид и основните училишта, денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по повод Меѓународниот ден на здравјето и во рамките на проектот „Превенција од зависности“ се одржа манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“. Со овој настан Охрид се вклучи во глобалните кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на здравјето и превенција од зависности. „Ја користам оваа манифестација, да Ве повикам да упатиме и заедничка порака дека мораме да ги искористиме сите сопствени и општествени ресурси и постојано…

повеќе...

70 години Црвен крст Охрид

На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата. Овој седумдесет годишен период на грижа за човекот и достоинството на човечкиот живот, бележи голем број активности од социјално-хуманитарната програма, здравственото воспитување и превенцијата на болести на срцето и крвните садови, превенција на туберкулозата, ХИВ-СИДА, превенција на ракот, превенција на болестите на зависност, првата медицинска помош, унапредување на крводарителството преку…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад „очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини. На паркингот во близина на плоштадот „Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата. Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до село Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад). По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подигнува шут од…

повеќе...

Со танц против говорот на омраза

На конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”, идејата на учениците на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ за изведба на флеш моб – јавниот перформанс е наградена и избрана за реализација. Се работи за проект во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и покровителство на британска амбасада. Проектот е наменет за подигнување на јавната свест за говорот на омраза, а група ученици се обиде преку танц на градскиот плоштад, испрати позитивна порака против говорот на омраза. Изведбата е реализирана денес, на Плоштадот Св.Климент Охридски пред бројна публика.…

повеќе...