Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник „Богојавление- Водици“ , ќе се одржи утре на 19-ти јануари ( понеделник ) на градското пристаниште со почеток во 10 часот.Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „ кај колцето“ . По повод празникот „Богојавление – Водици“, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во…
повеќе...Tag: плоштад
Бројни охриѓанчиња со коледарската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање
Повеќе од триста млади охриѓанчиња кои беа дел од свечената Бадникова поворка утрово низ охридските улици со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање. Дечињата пеејќи ја коледарска песна „Вечниот бог“, ги симболизираа анѓелите, што ја носат радосната вест, а на градскиот плоштад беа дарувани со бадникови пакетчиња кои за нив ги обезбеди Општина Охрид и Здружението за грижи и воспитување на деца. „Ова е прекрасна глетка на млади дечиња кои на ваков начин учат за својата традиција, вера и култура. Локалната самоуправа ги поддржува ваквите манифестации…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на плоштадот во Охрид ја дочека Новата 2015 година
Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент- Охридски“. На бројните сограѓани и гости кои и на минус 14 степени прославуваа на плоштадот, градоначалникот Бакрачески им посака добро здравје, среќа и успеси во секоја сфера од животот. За забавата на охридскиот плоштад, која траеше до раните утрински часови се погрижија групата „Камелеон“ , Петар Нечоски и Владо Јаневски. Точно на полноќ, на задоволство на присутните имаше и спектакуларен огномет.
повеќе...Вечери на танци и фолклор на градскиот плоштад
Продолжува предновогодишната забавна програма на градскиот плоштад. Синоќа беше посветена вечер на танци, а денес фоклорна вечер.
повеќе...Вечерва танци, а утре фолклор на градскиот плоштад
На предновогодишната културно-забавна програма, што во организација на Локалната самоуправа се одржува на на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, синоќа од 18 до 20 часот настапија учениците од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Кочо Рацин“ и ОУ „ Св. Климент Охридски“. Вечерва, на програмата се настапите на Студиото за класичен и модерен балет „ВИЗАВИ“, Кореографскиот центар „ 21“ и Танцовиот клуб“ „Соната“ . Утре, 27-ми декември ( сабота ) од 12 до 17 часот на градскиот плоштад ќе настапат КУД „Филиграни“, КУД „ Илинден“ , Распеани ѓерданчиња…
повеќе...Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад
Во рамки на неколкудневната предновогодишна програма што општина Охрид ја реализира на плоштадот „Св. Климент Охридски“ синоќа настапија учесниците на фестивалот „Распеани рибарчиња “ и учениците од основните училишта „Ванчо Николески“ и „Братство- единство“. Вечерва на плоштадот е предвиден настапот на учениците од основните училишта „Живко Чинго“ и „Христо Узунов“ и од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
повеќе...Започнува богатата предновогодишна програма на градскиот плоштад
Со настап на учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче “ денеска со почеток во 18 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“, започнува неколкудневната предновогодишна програма која е во организација на општина Охрид. По настапот на „рибарчињата“ во културно уметничката програма вечерва на плоштадот ќе настапат и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски“ од Пештани . Од утре до четврток во реализација на празничната програма се вклучени учениците од сите основни и средни училишта во градов. Во петок (26-ти декември) во период од 18 до 20…
повеќе...Рача доби нов плоштад и водоводна линија
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска на пригодна свеченост го стави во употреба плоштадот во населба Рача , што општината заедно со јавните претпријатија го градеше и уредуваше во изминативе два месеци . Со изградбата на плоштадот неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик. „Успеавме да направиме плоштад во површина од околу 355 метри квадратни со додатна површина за детски реквизити. Вкупната површина е 520 метри квадратни во кои што се вградени пешачки зони изработени од бехатон и гранитни плочи. Изработена е фонтана. Спроведени се…
повеќе...Богата забавна програма за дочек на Новата година на Градскиот плоштад
Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов, на денешната прес-конференција ја најави програмата за дочекот на Новата 2015 година на Градскиот плоштад во Охрид. „За дочекот на Новата 2015 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, Локалната самоуправа организира богата забавна програма. Во новогодишната програма која ќе започне на 31 декември во 21 часот, домашните и странските туристи како и охриѓани ќе ги забавуваат Владо Јаневски, Петар Нечески и групата „Камелеон“.“ – најави Апостолов. Тој додаде дека со настапот на овие естрадни уметници ќе се привлече…
повеќе...Мини-плоштад се гради кај Музичкото училиште
Наскоро, во непосредна близина на основното Музичко училиште „Методи Патче“ ќе никне мини-плоштад. На овој простор до неодамна беа поставени незаконски времени објекти кои го нагрдуваа овој централен дел од Охрид. Градежните активности за уредување на просторот започнаа денес, а градоначалникот Никола Бакрачески кој беше на лице место во истакна дека овој дел од градот ќе стане привлечно катче за одмор на возрасните и забава на помладите. „Просторот партерно и хорти-културно ќе го уредуваме, а предвидени се и поплочени пешачки површини на кои ќе бидат поставени елементи од урбана опрема: клупи,…
повеќе...