Средношколците од „Ванчо Питошески“ ги одбележаа Денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата

По повод 21 март – Денот на еколошка акција на младите на РМ, како и Светскиот ден на поезијата, ОУТУ „Ванчо Питошески“ организира низа активности за учениците и вработените: расчистување на дворот околу училиштето, уредување на училниците и кабинетите, засадување садници, читање ученички трудови на учениците од литературната секција на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта. Сите овие активности имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.

повеќе...

Од 8ми до 11ти декември „Зимски поетски фестивал“ во Скопје

Од утре 8ми до 11ти декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година. „Во таа насока настаните кои се одржуваа во август неможе да го покријат интересот на целата публика, особено не на академската, која претставува целна публика на Зимскиот фесивал и ќе овозможи нов начин на презентција на поетските вредности…

повеќе...

Конкурсот „Млади поети“ продолжен до 2 ноември

Конкурсот „Млади поети“ за прв пат беше објавен на 09 октомври 2015 година со цел поттикнување на младите луѓе креативно да се изразат и да ги покажат своите поетски творби пред јавноста. Во досегашниот период до Агенцијата за млади и спорт пристигнаа поголем број на поетски творби, при што поради овозможување на учеството на поголем број на млади луѓе и нивно поттикнување да бидат дел од овој конкурс, Агенцијата за млади и спорт одлучи истиот да биде продолжен до 02 ноември 2015. Делата треба да се достават на следната адреса:…

повеќе...

Продолжен рокот на конкурсите за млади поети и за млади уметници

Поради промена на седиштето на Агенцијата за млади и спорт, крајниот рок за доставување трудови за конкурсите „Млади поети“ и „Млади уметници“ е до 26 октомври наместо до 9 октомври. Делата треба да се достават на новата адреса на АМС: Агенција за млади и спорт, Сектор млади ул. Македонија бр.38 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети“, односно „за Конкурсот Млади уметници“, или лично во Архивата на Агенцијата. Како што АМС соопшти претходно, едниот конкурс е наменет за млади визуелни уметници од 15 до 19 години и групи кои…

повеќе...

Во сабота ПХВ поетски читања на малиот плоштад кај „Мини маркет“

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за…

повеќе...

Отворен Конкурс за млади поети

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети на кој  ги повикува сите млади  да поднесат свои авторски творби согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Да се на возраст од 15 до 29 години 2. Да немаат објавено збирки на поезија. 3. Да достават најмногу две поетски творби. Конкурсот за Млади поети се реализира по втор пат, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра итворба и тоа за прва награда се предвидени 15.000…

повеќе...

„Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Претседателот на жири-комисијата, професорот Зоран Анчевски на денешната прес-конференција, во образложението рече дка авторката недвосмислено покажува дека е поет во вистинска смисла на зборот. Во исто време, додаде, не претендира нејзината поезија да се одликува со длабока симболика или пак со изнасилен излив кој не дозволува нејзината поезија да биде само неконтролиран излив на емоции. „Во книгата Танчева…

повеќе...

„Струшки вечери на поезијата“ на охридски начин, вечерва пред Центарот за култура во Охрид

Струшките вечери на поезијата 2015, вечерва продолжуваат со поетско читање и пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот.

повеќе...

Стефоски: Поезијата на Беи Дао е достојна за „Златниот венец“ на СВП

Поезијата на годинашниот лауреат на 54. Струшки вечери Беи Дао ги содржи сите предуслови за да биде наградена со признанието „Златниот венец“, истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски денеска на прес-конференција. „Имаме исклучителна прилика повторно да се навратиме на кинеската поезија преку вториот лауреат после Лу Јоан, овој пат со поет со сосема различна поетика. Навистина е чест на македонски да биде претставено творештвото на еден од најзначајните претставници на т.н загадочна школа на поезијата. Една група кинески поети кои во 70-тите почнуваат со трагање по нов поетски јазик во…

повеќе...

Со работилница за деца и неделата на поетски и документарни филмови почнува неофицијалниот дел од 54. Струшки вечери на поезијата

Со работилница за деца „Како настанува книгата“ денеска почнува неофицијалниот, пред фестивалски дел од програмата на 54. Издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, чиј официјален дел ќе се одржи од 26-ти до 31-ви август во Струга. Во рамките на Фестивалската програма вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови вечерва ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот…

повеќе...