Завршува првиот образовен модул од обуката на кандидатите за идни полициски службеници

Кандидатите за полицајци кои што на почетокот на годнава ја започнаа едногодишната обука, а кои што по ригорозните конкурсни критериуми беа селектирани по јавниот оглас на МВР од октомври минатата година за прием на 400 полициски службеници, деновиве во Центарот за обука во Идризово го завшуваат првиот (четиримесечен) модул од обуката тематски посветен на областа на заштитата на јавниот ред и мир. Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР завршува со полагање на…

повеќе...

Реализирана обука за македонски и косовски полицајци за работа во ЗКЦ

Во организација на ОБСЕ и Секторот за гранични работи и миграции Север, на граничниот премин со Република Косово – “Хани Елезит“, како и во заедничкиот контакт центар со Р.Бугарија на Граничниот премин “Деве Баир“ беше одржана дводневна обука на полициски службеници за работа во заеднички контакт центар. На обуката присуствуваа десет полициски службеници од РМ и четири полициски службеници од Р.Косово. Притоа, едукацијата беше посветена на теми во врска со Конвенција за спроведување на Шенген Договор од 19 јуни 1990 година, потоа Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа; Протокол…

повеќе...

Донесени дисциплински решенија за 13 полициски службеници

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 5 и 3, и член 207 став 1 и 7 точки 1,  2, 4, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на девет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка  – “запирање на постапката“, на двајца вработени мерка – “откажување на договор за вработување” и на еден вработен му е изречена мерка –…

повеќе...

130 ученици од ОУ „Григор Прличев“ имаа едукативен час во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај

Сто и триесет ученици од четврто одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес имаа едукативен час во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. За потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и подигнување на безбедносна култура како и за низа други корисни информации поврзани со работата на полициските службеници околу безбедноста во сообраќајот, денес пред учениците говореше командирот на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Страшо Миленкоски. Учениците со виден интерес ги видоа полициските возила, полициските моторцикли но другите материјално-технички средства и опрема што сообраќајната…

повеќе...

Кривична пријава за двајца охриѓани и двајца кичевчани поради извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево. Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од…

повеќе...

Дисциплински решенија за 17 полициски службеници

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 17 решенија против 17 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 7 и 8 и член 207 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 8, 10 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на дванаесет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на тројца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “писмено предупредување“, и на еден вработен мерка…

повеќе...

Приведени лица, од кои тројца полициски службеници, инволвирани во случај на криумчарење мигранти

Одделот за сузбување на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредби издадени од страна на Судија на претходна постапка, изврши претрес на дом и други простории во четири објекти, од кои еден на подрачјето на Тетово и три објекти на подрачје на Струга и приведени се четири лица македонски државјани, од кои тројца се полициски службеници. Овие активности се резултат на истрагата по случајот за којшто претходно веќе е поднесена кривична пријава на 20.12. минатата година, против петмина членови на криминална група (А.Г. З.С. В.М. З.А. и Б.Ж), која во…

повеќе...

Охриѓанец со своето возило удрил сообраќаец

На 14 февруари  во 17:30 часот во Охрид на раскрсницата од бул. „Македонски Просветители“ и ул. „Димитар Влахов“, униформиран полициски службеник од СВР-Охрид при вршење работи од областа на сообраќајот, преупредување на лицето А.Ј.(28) од Охрид поради паркирање на ПМВ на обележан пешачки премин, истиот одбил да го тргне возилото, по што во еден момент го стартувал истото и со предниот браник го удрил полицаецот во пределот на десната подколеница. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

повеќе...

Кривична пријава за полицаец од Струга поради злоупотреба на службената положба и овластување

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против П.В. (32) од Струга, полицаец во ПС за ГК и ГН „Ќафасан“ при РЦ за ГР „Запад“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 19.04.2013 година, пријавениот во својство на службено лице на ГП „Ќафасан“ бил распореден на работно место-пасошка контрола на излез од Р Македонија, кој по барање на царински службеник во компјутерската евиденција завел фиктивен излез на патничко возило „џип“ и моторцикл „хонда“, сопственост на лице од Скопје со што овозможил избегнување на…

повеќе...

Охридската полиција продолжува со мерките за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот

По неодамнешните акциски контроли на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во која пет лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, а седум возачи се исклучени од сообраќај, деновиве продолжуваат мерките  за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот. Денес охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај контрола ќе врши и мерки ќе презема кон неправилно паркираните патнички моторни возила. Инаку, во текот на викендов, од вкупно 65 алкотестирани возачи, затекнати се две лица кои управувале патничко моторно возило под дејство на алкохол. По тие основи, сообраќајната…

повеќе...