Општина Охрид ќе помогне во реконструкцијата на опожарената куќа

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“, вчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак. Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик. „Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите…

повеќе...

Изгоре куќа на ул. „Даме Груев“ во Охрид

Вчера во 14:40 часот во ПС-Охрид, М.С. (51) од Охрид нa ул.„Даме Груев“ пријавил пожар во неговата куќа, кој настанал истиот ден во времето од 14:30 до 15:00 часот, додека М.С. се наоѓал во дневната соба, а неговата сестра во кујната, почувствувал мирис на горење и излегол надвор, при што видел дека гори кровот во близина на оџакот. Пожарот се проширил на останатиот дел на кровната конструкција на куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид. Од пожарот изгорена била скоро цела кровна конструкција и покуќнината. Причинетата материјална штета дополнително…

повеќе...

Пожар во помошен објект на полициска станица Франгово

Вчера во 02.00 часот по полноќ во ПС за ГН-Франгово во подрумските простории на помошниот објект каде се сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење, од засега непознати причини настанал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници и ТППЕ-Струга, а од екипа на ЕВН исклучена била електричната енергија. Повредени лица нема. Увид на лице место ќе се врши во текот на денот.

повеќе...

Голем пожар во куќа во Струга, зафатени уште осум куќи

Вчера околу 13:10 часот во Струга, на ул„Нико Нестор“ во куќа сопственост на Н.Б.(1959) настанал пожар во кој биле зафатени уште осум куќи. Од страна на ТППЕ-Струга и Охрид, пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот поради немање на услови ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

повеќе...

НП Галичица воведува ограничено движење во шумите и шумските појаси

Како превентивна мерка за заштита од пожари Национален Парк Галичица воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од дирекцијата на паркот. Исто така е воведена и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во во границите на паркот. Ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси е за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава. Од Паркот информираат дека од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење…

повеќе...

Зајакнати мерки и превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари

Зајакнати мерки и превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари, е темата на денешниот состанок, што на иницијатива на СВР Охрид, ќе се одржи денес во 11 часот во просториите над противпожарната единица. Состанокот тематски ќе биде посветен на координирање на повеќе надлежни субјекти за конципирање мерки но и конкретни оперативни планови од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари . Мерките имаат за цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар,…

повеќе...

Избувна пожар во паб во Охрид

Денес околу 18:00 часот избувна пожар во паб во Охрид. Од страна на екипа од ТППЕ – Охрид, пожарот е локализиран. За среќа во пожарот нема повредени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот како и утврдување на причините кои довеле до опожарување. А.Андриоски

повеќе...

Утре ќе биде реализирана вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“

Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ќе биде реализирана утре (25 јуни) во 12:00 часот на кеј „Македонија“, кај старото пристаниште. Предвидените активности од практичната вежба се организирани од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а ќе ја реализираат претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната против-пожарна единица Охрид, Општинскиот црвен крст-Охрид како и медицински екипи на Брза помош-Охрид. Целта на показната вежба е координација и меѓусебна соработка на стручните служби во спасување на загрозени лица и…

повеќе...

Експлозија на плинска боца во куќа во Пештани

Вчера околу 21:00 часот во с.Пештани-охридско избувнал пожар во куќа сопственост на М.Т. (42), кој настанал од експлозија на плинска боца. При пожарот зафатени биле три спрата од куќата, а М.Т. се здобил со изгореници во пределот на рацете. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од ТППЕ – Охрид, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Изгоре автобус во близина на Стража

Денес околу 17:30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот „Стража“, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија. Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. WebOhrid/Фото: Гоце Тренески

повеќе...