Со конференција денеска во Скопје се одбележа завршувањето на тригодишниот Проект за македонската судска пракса, во рамки на кој се издаде публикација со нови преведени 20 пресуди на Европскиот суд за човекови права. „Ова е најдолгиот проект што го имало македонското правосудство досега, а се состоеше од организирање обуки, работилници, семинари и студиски посети“, рече директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска. Најзначаен резултат од проектот, како што додаде, е преводот и издавањето публикација во два тома со нови 20 пресуди на Европскиот суд за човекови права,…
повеќе...Tag: правда
Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа три договори од правосудната област
Министрите за правда на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, Блерим Беџери и Бериша Чолак, денеска во Скопје потпишаа договори за изменување и дополнување на три договори од правосудната област. Станува збор за договорите за изменување и дополнување на Договорот за правна помош во граѓанските и кривичните предмети, на Договорот за меѓусебно извршување судски одлуки во кривичните дела и на Договорот за екстрадиција. Потребата од измените и дополнувањата на овие три договори, како што рече министерот Беџети, се укажа поради новите видови правна помош од областа на кривичното и…
повеќе...Беџети го посети Бирото за судски вештачења
Министерот за правда Блерим Беџети денеска го посети Бирото за судски вештачења кое доби меѓународен сертификат за систем за управување со квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2008. Овој сертификат, како што изјави министерот, е многу значаен бидејќи со неговото воведување ќе се подобри квалитетот на услугите кои Бирото за судски вештачења ги испорачува на судовите, физичките и правните лица во Македонија. „Минатата година може да се констатира како успешна во работењето на Бирото за судски вештачења како по бројот на добиените предмети по барање од институциите, така и во однос на…
повеќе...Министерот Беџети се сретна со Ховит и Матеи
Министерот за правда Блерим Беџети и членовите на Поткомисија за човекови права на Европскиот парламент, Ричард Ховит и Ципиран Матеи, на денешната средба во Скопје разговарале за реформата на судскиот систем и реформата на кривичното законодавство во Македонија. На средбата, како што соопшти Министерството за правда, било истакнато дека Министерството за правда континуирано презема активности во насока на зајакнување на судската независност и самостојност, преку редефинирање на општите услови за избор на судии, воведување на систем на кариера при изборот на судии во повисоките судови, како и редефинирање на одредбите…
повеќе...