Груевски: Ново покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та

Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година. „На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

По повод празникот Курбан Бајрам, премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. „Почитуван претседателе на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви го честитам големиот муслимански верски празник КУРБАН БАЈРАМ. На овој…

повеќе...

Груевски: Владата планира подобрување на концептот за екстерното тестирање

На денешната седница наменета за пратенички прашања, Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека владата планира подобрува на екстерното тестирање со цел добивање на квалитет и остварување на целта. Тој потенцира дека тестирањето беше подобрувано секоја година, а во разговори со МОН се планираат нови измени кои ќе ги зголемат стандардите од што корист ќе имаат и учениците и нивните наставници и професори. Груевски ја образложи уште еднаш огромната потреба од екстерното тестирање со кое вели дека ќе се избрише ставањето на нереални оцени и ќе се избегне…

повеќе...

Средба на премиерот Груевски со шефот на дипломатијата на БиХ, Црнадак

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак. На средбата, премиерот Груевски и министерот Црнадак позитивно го оцениле досегашниот развој на односите меѓу двете земји, со заедничка заложба за нивно натамошно интензивирање и надоградување со нови форми на соработка. Двајцата искажале подготвеност за интензивирање на економската соработка, преку засилување на инвестициската активност и трговската размена. Груевски и Црнадак се заложиле за зголемување на регионалната соработка како начин за интегрирање на регионот и градење пријателски односи меѓу…

повеќе...

Наскоро 10 стана за ранливите категории од Македонски Брод

Премиерот Никола Груевски попладнево престојуваше во работна посета на Македонски Брод каде изврши увид во неколку проекти што ги реализира Владата, како и неколку проекти што се реализирани изминатиот период. Притоа, Груевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов направија увид во новата зграда со станови наменети за лица од ранливите категории чија изградба е во поодминат тек. Станува збор за објект со вкупна површина од 460 метри квадратни во кој ќе бидат сместени 10 стана за ранливите категории граѓани. Вкупната инвестиција…

повеќе...

Започна израдбата на фабриката на „ОДВ ЕЛЕКТРИК“

„Упатувам благодарност до градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој континуирано лобираше и не потсетуваше токму тука да се донеси некој инвеститор кој ќе инвестира и ќе отвори нови работни места“– истакна во своето обраќање , премиерот Никола Груевски по повод почетокот на изградбата на фабриката од германската компанија „ОДВ- Електрик“ во Технолошко – индустриската развојна зона во Струга. На свечениот чин покрај Премиерот Груевски присуствуваа и Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон и германската амбасадорка Кристине…

повеќе...

Груевски: Од дијаспората да се избираат 20 пратеници

Наместо тројца од редовите на дијаспората да се избираат дваесет пратеници во Парламентот и за нив да се гласа во една изборна единица, е предлагот на ВМРО-ДПМНЕ до останатите политички партии во преговарачката работна група за изборите, што го соопшти денеска премиерот Никола Груевски. „Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена и затоа дадовме една идеја во работните групи, ако и другите политички партии прифатат да го смениме моделот наместо три пратеници од дијаспората, 20 пратеници…

повеќе...

Груевски на стартот на градежните работи на новата фабрика „Кондево“ во ТИРЗ-Штип

Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумов и сопственикот на италијанската фирма „Кондево“ Рафаеле Џенони денеска извршија обиколка на стартот на градежните работи на новата фабрика која се гради во ТИРЗ зоната во Штип. Во фабриката на италијанската фирма „Кондево“ ќе се произведуваат делови за кондензациски бојлери. Инвестицијата чини над 30 милиони евра, а во неа ќе се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар. „Италијанската компанија Кондево е уште една од низата компании кои ги препознаа бизнис условите кои ги нуди Македонија и…

повеќе...

Пуштен во употреба нов апарат за ангиографија во ГОБ „8 Септември“

Во ГОБ „8 Септември“ денеска официјално беше пуштен во употреба нов современ апарат ангиограф кој ќе извршува многу процедури, вклучувајќи и процедури од областа на интервентната кардиологија. „Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури“, рече премиерот Никола Груевски кој во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров го пушти во употреба апаратот. Набавката на…

повеќе...

Груевски: Извештајот на ММФ валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика на опозицијата

Последниот Извештај на ММФ кој покажува дека Македонија е во петте најниско задолжени земји и оти странските инвестиции ќе отворат нови 30 илјади работни места е валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика која ја претставувала опозицијата дека власта ја презадолжува земјата, дека ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, оцени денеска премиерот Никола Груевски. Во извештајот, додаде премиерот, ММФ потврди дека Македонија е помеѓу петте најниско задолжени земји во Европа. Со државен долг од околу 36 отсто и јавен долг од околу 43 проценти Македонија,…

повеќе...