Пуштена во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“ во Охрид

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во охридската населба Видобишта. „Реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ беше едно од најчестите барања на жителите од овој регион. Барањето беше сосема на место со оглед на тоа како изгледаше улицата претходно и немањето на сливници и атмосферска канализација. Како резултат на тоа луѓето возеа по дупки и нерамнини, при поголеми дождови се собираше вода по дворовите, се правеа големи вирови на улицата, а пешаците немаа каде да се движат…

повеќе...

Средби на Груевски со локалното население во охридско

Во рамки на работната посета на Охрид премиерот Никола Груевски ја предаде во употреба целосно реконструираната улица „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта каде оствари и срeдба со локалното население при што разговараше за нивните секојдневни потреби и проблеми. Меѓу прашањата што му беа поставени беше и проблемот на семејството од Охрид со осум деца, кое живее во субстандардни услови во една од бараките што наскоро ќе бидат урнати. Притоа, премиерот во консултација со директорот на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор Цветко Грозданов се информираше за начинот како…

повеќе...

Премиерот Груевски утре во работна посета во Охрид

Утре во посета во Охрид ќе биде премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Тој заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ќе присуствуваат на свеченоста по повод почетокот со изградба на затворениот базен во Охрид и ќе ја посетат Филмската академија. Премиерот Груевски и градоначалникот Бакрачески исто така утре свечено во употреба ќе ја стават реконструираната уица „Ристо Чадо“, а ќе остварат и средби со жителите на Лескоец и Велгошти.

повеќе...

Средба на премиерот Груевски со турскиот вицепремиер Акдоган

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Турција, Јалчин Акдоган. Соговорниците ги поздравија одличните односи меѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво, изразувајќи задоволство од постојаниот нагорен тренд на развој на истите кој се карактеризира и со редовни средби на високо ниво. Соговорниците акцентираа дека помеѓу двете земји постои цврста соработка која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање и се одвива во повеќе сфери како што е економијата, трговската размена, образованието и јакнењето на културните врски…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со престолонаследникот на ОАЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во Абу Даби се сретна со престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати и врховен командант на вооружените сили, Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан. Соговорниците ги поздравија добрите политички односи кои што се воспоставени помеѓу двете земји и истакнаа заедничка заложба за продолжување на политичкиот дијалог на високо ниво. Посебен акцент беше даден на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Премиерот Груевски ги истакна реформите кои што ги презема нашата земја кои…

повеќе...

Премиерот Груевски и владината делегација остварија посета на Стопанско индустриската комора на Абу Даби

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска заедно со македонската владина делегација остварија посета на Стопанско индустриската комора на Абу Даби каде што имаа средба со раководството и управниот менаџмент на истата. При посетата беа претставени можностите за инвестирање во Република Македонија, поволностите и мерките кои им стојат на располагање на потенцијалните инвеститори, како и сферите и областите каде истите може да се реализираат. Премиерот Груевски истакна дека во насока на обезбедување на поволна бизнис клима се направени многубројни реформи и се преземени конкретни чекори со кои се…

повеќе...

Груевски: Се залагаме за екстерно тестирање, ќе го усовршуваме и ќе даде резултати

Образованието и вложувањето во подобро орбазование ни е единствениот ресурс за конкурентност со светот и напредок на земјата. Тоа е суровата реалност која мора да ја прифатиме, наспроти лажните митови, нагласи премиерот Никола Груевски во врска со реакциите поврзани со образованието, во своето обраќање на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Спроведуваме амбициозни и промислени реформи во образованието, и како и тогаш се соочуваме со отпор, нагласи Груевски, додавајќи оти, според него, тоа е повеќе отпор кон новото и непознатото, а не е отпор…

повеќе...

Груевски: Македонија можна порта за ОАЕ кон Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска, во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, оствари средба со премиерот на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој во исто време е и Владетел на Емиратот Дубаи. На средбата беше истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од взаемен интерес. Двете страни потенцираа дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатираа потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на…

повеќе...

Премиерот Груевски побара датум за почеток на преговорите со ЕУ

Во име на сите граѓани на Република Македонија премиерот Никола Груевски побара седма препорака за почеток на преговори и датум за членство во Европската Унија. Во вечерашното обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба тој потенцираше дека тоа е цивилизациски, морално, рационално и оправдано. „Како премиер на Република Македонија, во името на сите нас, во името на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, во името на христијаните, муслиманите, евреите и атеистите, во име на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на СПМ, ГРОМ, ДОМ,…

повеќе...

Груевски: Нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво

Како премиер на Македонија, кој ја добил довербата да раководи со процесите во еден одреден период, нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво и нема да дозволам определена појава да ги загрози вредностите и правците на опстанок на нашата нација, истакна претседателот на Владата Никола Груевски во својот говоро по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Како премиер на Македонија, кој ја добил довербата да раководи со процесите во еден одреден период, нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво и нема да дозволам определена појава…

повеќе...