Премиерот Груевски на прием кај претседателот на САД Барак Обама

Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица, денеска присуствуваа на приемот кај претседателот на САД Барак Обама. Премиерот Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД.

повеќе...

Министерот Јолевски на средби со претставници на Конгресот и тинк-тенк заедницата во САД

Соединетите Американски Држави цврсто ја поддржуваат Република Македонија во достигнувањето на нејзината стратегиска цел – членство во НАТО. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, регионот, но и Европа во целина, заклучија на вчерашниот состанок во Конгресот на САД, министерот за одбрана Зоран Јолевски и конгресменот Том Марино, кој е и заменик претседател на Парламентарното собрание на НАТО. На средбата, соопшти денеска Министерството за одбрана, министерот Јолевски ги презентираше аргументите зошто Република Македонија заслужува да биде дел од Алијансата. Воедно, се разговарало и за реформските процеси при што…

повеќе...

Јолевски: Вежбата „Операција Фаланга-Македонија“ доказ за добрата соработка меѓу армиите на Македонија и САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, придружуван од амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон Криволак присуствуваа на билатералната воена вежба „Операција Фаланга – Македонија“, која започна на 28 август, а ќе трае до 6 септември. Според министерот за одбрана, оваа вежба е доказ за добрите односи и високото ниво на соработка меѓу армиите на Република Македонија и САД. „На оваа вежба се покажа како американските структури ги…

повеќе...

Воена делегација од САД во посета на Македонија

Соединетите Американски Држави се голем поддржувач на Република Македонија уште од самото прогласување на вашата независност. Горди сме на нашето долгогодишно партнерство со Македонија и остануваме посветени на долгорочната соработка во врска со регионалните и глобалните приоритети. Ова го истакна генерал Вилијам Фрејзер III по средбата со министерот за одбрана Зоран Јолевски. Фрејзер Трети предводи воена делегација од САД, а цел на посетата е идните лидери на американските воени сили да се запознаат со Македонија и да ги разгледаат можностите за развој на соработката меѓу двете држави. „Ви благодариме за…

повеќе...

МВР со модернизирани форензичарски капацитети, донација од САД

Во рамки на преограмата ИЦИТАП, МВР од САД доби донација за реновирање на складиштето на докази и простории за нивна обработка, во вредност од 200 илјади американски долари, со што ќе се подобрат форензичарските капацитети во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Л. Бејли нагласија дека донацијата е резултат на партнерството на САД со Македонија и заедничката решеност да се зацврсти владеењето на правото. Според Чавков, во овој проект прв пат се обезбедување примена на нов и…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и членката на И.О Рената Треневска Дескоска, денеска имаше средба со делегација предводена од помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, придружувани од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли. Тема на разговорот беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање…

повеќе...

Средба на МНР Никола Попоски со Помошник државниот секретар на САД задолжена за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 13-ти јули (понеделник) ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања. За време на средбата предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес. Истовремено, се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО…

повеќе...

Претседателот Иванов учествува на Глобалниот форум за безбедност „ГЛОБСЕК 2015“ во Братислава

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој учествува на Глобалниот форум за безбедност „ГЛОБСЕК 2015″ во Братислава, денеска на средба со генералот Џон Ален, специјален претставник на американскиот претседател Барак Обама во коалицијата за борба протис ИСИС, побара засилен ангажман од САД во насока на зголемување на безбедноста и соработката во нашиот регион. „Без зголемување на довербата и соработката на безбедносните служби, нашиот регион ќе биде и натаму ранлив под заканите од насилниот екстремизам и радикализам, заканата од странските терористички борци”, потенцира претседателот Иванов, додавајќи оти САД треба да…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средба со почесни гости од САД

Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска, доцна попладнево во Охрид остварија протоколарна средба со Бенџамин Ринакер од Стејдепартментот на САД кој е политички советник за Балканот и советниците во амбасадата на САД во Македонија, Лаура Бурнс и Адријан Исмаил. На средбата се разговараше за актуелните и идни проекти на општина Охрид и нивната реализација како и начините на буџетирање на локалната самоуправа. Почесните гости од САД покажаа интерес и за актуелната политичка состојба во Македонија а ги слушнаа и размислувањата за надминување на истата. Меѓу другото…

повеќе...

Довербата и вредностите се суштината на лидерството – предавање на генералот Фрикли на Воената академија

„Довербата не е дадена, таа се гради, и тоа преку лидерството базирано на вредности. Лидерството е пат на кој постојано одиме, пат кој нè води кон успехот“, рече во своето предавање американскиот генерал Бенџамин Фрикли пред питомците од прва, втора и трета година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Зборувајќи од своето искуство во армијата, генералот истакна дека еден офицер секогаш предвид треба да ја има должноста, честа и татковината. „Вие како идни лидери мора да ги исполните моралните обврски и да ги разберете и почитувате дадените задачи. Во тој…

повеќе...