Македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни средби со Хрватска

Од 23 до 27 март македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни средби со репрезентацијата на Хрватска. Термините за нивното одигрување се 24 и 26 март во спортска сала „Гемиџии“ во Велес со почеток во 19:00 часот. Натреварот во Скопје е од затворен тип. Истиот ќе се одигра во спортскиот Центар „Форца“ на 25 март и ќе започне во 17:00 часот. Овие натпревари би требало да бидат искористени како „генерална проба“ пред квалификацискиот турнир во Алмати (Казахстан) од 4 до 11 април. Покрај една од најдобрите футсал репрезентации во Европа,…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти вечерва го одбележа патрониот празник на училиштето. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „На крилјата на љубовта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата за како што рече нивното доаѓање за прославата – патронен празник на ова училиште. „Веќе 141 година ОУ „Живко Чинго“ е колевка на образовани и воспитани генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа наоѓајќи го…

повеќе...

РК Охрид убедлив против РК Пролет

Во рамките од 17-то (претпоследно) коло од ВИП машката ракометна Супер лига, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ убедливо со 34-22 го совлада тимот на РК Пролет. Охридските ракометари работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 21-10. Во второто полувреме остана само рутински да го доиграат натпреварот и да го добијат со конечни 34-22. РК Охрид и понатаму останува на врвот од табелата со 40 бодови исто колку што има и тимот на РК Пелистер. Следниот натпревар РК Охрид ќе го…

повеќе...

Започна училишната спортска лига

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид, со поддршка од Локалната самоуправа, денеска беше отворена годинашната училишна спортска лига. Во рамките на лигата, ќе се одржат натпревари во футсал, одбојка, пинг-понг, шах и атлетика, на кои ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид. Во името на Локалната самоуправа, на отворањето се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид , Ангел Јанев: „Ние, од Локалната самоуправа во рамките на можностите ја поддржуваме училишната спортска лига, со уверување дека во иднина таа поддршка ќе биде уште поголема. Свесни…

повеќе...

Спортски ден во салата „Тодор Александров“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров (4ти март), денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, по четврти пат се одржува спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“. На истиот учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга.  „Овој настан е настан за паметење, како што рече и професорт од „Јахја Кемал“ ова е нешто што се случува само во Америка. Направивме навистина настан за паметење со…

повеќе...

Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во село Велгошти, по четврти пат, утре (3ти март) ќе се одржи спортски ден. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат ќе учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга. Учениците ќе се натреваруваат во четири дисциплини (баскет, мал фудбал, пинг-понг, шах), а за најдобрите ќе бидат доделени награди. Почетокот на…

повеќе...

Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Велгоштани имаат можност слободно и бесплатно да ја користат спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. За сите кои се заинтересирани за спорт и рекреација, бесплатните термини се секој понеделник и секоја сабота од 21:00 до 22:00 часот. „Ги покануваме сите оние кои сакаат да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето. WebOhrid

повеќе...

АВ Охрид стартуваше со победа во Првата лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитираше со победа на стартот од новата сезона во Првата Македонската кошаркарска лига. Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридскиот тим ја имаше контролата врз играта и убедлива предност во текот на целиот натпревар. На крајот тимот на АВ Охрид триумфираше против Пелистер со резултат 73-61.  WebOhrid

повеќе...

РК Охрид вечерва игра против РК Еурофарм Работник

Вечерва со почеток во 19:30 часот, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе го пречека тимот на Еурофарм Работник во рамките од 11 коло од македонската ракометна Супер лига. „Денес не очекува тежок натпревар со Еурофарм Работник, тоа е единствената екипа која го има совладано Охрид годинава. Изгубивме со 1 гол разлика во Битола, иако водевме цел натпревар. Успеаа еднаш да поведат и да го добијат натпреварот. Се надевам дека денеска нема да е така. Имаат една искусна екипа, но ние со помош на охридската публика,…

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...