СДСМ во Охрид ќе одржи „Марш на вистината“

СДСМ утре во Охрид ќе организира „Марш на вистината“, кој ќе започне во 18:30 часот на плоштадот Крушевска република, кај чинарот. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Пред протестниот марш во 14:00 часот во хотелот Ривиера во Охрид, СДСМ ќе одржи прес конференција, на којашто ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев.

повеќе...

Заев: Нема правда, ниту државен систем

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: Доказите што ги објавивме досега ги открија вистинските лица на тесната група на власт. Соголено е и најмаскираното лице на сите времиња –лицето на Никола Груевски, кој заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков стои зад сите зла што им се нанесени на луѓе, судбини, закони, Устав, држава, само тој да остане на фотељата на Илинденска б.б. Денес никој нема повеќе дилема кој е Никола Груевски и кој е неговиот братучед Сашо Мијалков и дека позади `се што правеле…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Зоран Заев со честитка за Велигден

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, до Светиот Синод, до православните верници и граѓаните кои го празнуваат овој голем христијански празник. „Упатувам искрена честитка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите граѓани во Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден. Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот. Ова е период кога можеби повеќе од кога било…

повеќе...

СДММ на 12-от конгрес на млади европски социјалисти

Социјалдемократската младина на Македонија учествува на 12-от Конгрес на YES (Young European Socialists – Млади европски социјалисти), асоцијација што ги обединува социјалдемократските подмладоци од Европа. Конгресот се одржува во Винтертур, Швајцарија, на којшто како претставници и делегати од СДММ присуствуваат членови на Извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија. На највисокиот орган на оваа асоцијација – Конгресот, Покрај изборниот дел на Конгресот, бидејки се избира ново претседателство и секретаријат, ќе се отвори дебата и за социјалдемократијата, како и за актуелните проблеми во земјите членки во асоцијацијата на Млади европски социјалисти.…

повеќе...

Заев: Очекуваме Обвинителството да го прекине процесот и да отвори случај „Вистината за Македонија“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Со мојата изјава којашто денеска ја дадов пред Обвинителството за сомневање за насилство врз претставници на високи државни органи, заврши фазата на давање изјави на осомничените лица. Вчера преку изјавата, Зоран Верушевски и денеска преку мојата изјава, јас како Зоран Заев, поднесовме на Записник, Кривична пријава, против Сашо Мијалков и Никола Груевски, за кршење на Уставот и законите на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата позиција како премиер и директор на Управа за разузнавање и контраразузнавање, при што нанесувајќи огромни…

повеќе...

СДСМ: Докази за насилствата на Талески и власта на Груевски врз битолчани

Претседателот на ОО СДСМ Битола и пратеник , денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. И Битола се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“. На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни…

повеќе...

Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Холандија, Јоп Шеферс

Moжниот излез од политичката криза во Македонија, причините за сложената ситуација во земјава и последиците на економски план и врз евро-перспективите беа темите на разговор на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Холалндија, Јоп Шеферс. Посебно внимание беше посветено на незаконското институционално насилие што го прават врз граѓаните Никола Груевски и врвот на власта, посебно преку упадот и контролата во судството и медиумите. „Тоа, како што стана јасно од прислушувањата што ги правела власта, се манифестира низ закани, уцени, притисоци, криминал и корупција, во функција…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев до припадниците на ромската заедница во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот Ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „На сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, го честитам Меѓународниот Ден на Ромите. На овој ден, Ромите во Европа го гордост ги одбележуваат цивилизациските придобивки. Денешниот 8-ми април, за жал, за граѓаните Роми во Македонија е потсетување на другата крајност во којашто живее ромската заедница во земјава последниве години: несовесно потценети, уценувани, подложени на незаконски…

повеќе...

Стојаноски: Која е причината за нелогичната зделка за осветлување во Охрид?

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше координаторот на советничката група на СДСМ Охрид,  проф. Д-р Јован Стојаноски. „Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство, значи откажување на приходи во буџетот на општината во наредните години и тоа во износ од над 5 милиони евра. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапуваат на приватна компанија од Чешка. Зошто? Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното осветлување се прикажани во Физибилити студијата која беше…

повеќе...

Претседателот Заев се сретна со министерот за надворешни работи и европски прашања на Белгија Рејндерс

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска имаа средба со белгиска делегација предводена од министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. Нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од страна на Никола Груевски и неговите соработници и можните излезни решенија, беа темите на разговорот. „Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се инсистирањата…

повеќе...