СДСМ поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес

Заменик претседателката на СДСМ,  Радмила Шекеринска, во изјава за медиумите рече дека СДСМ поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес. „Денеска поднесуваме 21 кривична пријава против повеќе од 17 сторители на кривични дела против изборниот процес. Тоа значи дека кривичните пријави коишто ги поднесовме до Обвинителството опфаќаат: злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, присилба, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата за определување за време на изборите, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средства…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели

Актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби врз европските перспективи беа теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели. „Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ, САД, ОБСЕ, последно и на ООН, за урнисувањето на правната држава и за загрозените човекови права во Република Македонија. Директна потврда за автентичноста на објавените разговори и за влијанието на извршната власт на Никола Груевски врз судството…

повеќе...

Заев: Тројца од врвот на власта се обвинители и судии

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Ова што се случувало во Македонија, ова брутално, дрско и недозволиво по ниеден основ самоволие, на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и на неколкумина нивни помагачи во врвот на власта, буквално го срозило функционирањето на државниот систем и еден од неговите темели, правната држава. Во зарѓаните запци на ланецот што треба да биде мотор на иднината на државата, се заглавени невини луѓе, судбини, “човечиња“ како што им изгледале жртвите на суровите владетели. Со право домашната и меѓународната јавност…

повеќе...

СДСМ: Силни притисоци, рекет, местенки на Груевски да ја добие Струмица

Пратеникот од Струмица на СДСМ Панче Орцев, денес на прес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија, како најпатриотски чин за спас на државата и враќање на слободата, демократијата и правдата во нашата татковина го децентрализираме, за вистината да допре насекаде и до секого. По општина Центар, денеска сме во Струмица, рак-раната на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, градот којшто и покрај многуте валкани и недемократски криминални дејствија, никогаш не успеаја да го освојат. Знаевме дека се врши класична и брутална злоупотреба на власта. Денеска и ќе слушнат граѓаните на…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на кралството Норвешка за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Норвешка за Македонија, Нилс Рагнар Камсваг. На средбата се разговараше за загрозените права и слободи на граѓаните со масовното прислушување, за нарушениот политички амбиент во државата и можностите за решавање на настаната политичка криза. „Повикот на ООН за одговорност на власта за нарушување на правната држава, е само уште еден во низата докази за сериозноста на ситуацијата во којашто ја турна државата неодговорното владеење на Никола Груевски“, посочи претседателот на СДСМ, Заев. Тој…

повеќе...

СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола

Денес СДСМ до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, изјави пратеникот и претседател на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски. „Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени. Очекуваме…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Шпанија, Рамон Абароа Каранза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со амбасадорот на Кралството Шпанија во Р. Македонија, Рамон Абароа Каранза. Политичката криза во Република Македонија и можните излезни решенија беа тема на средбата. Претседателот Зоран Заев рече дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ и другите релевантни меѓународни организации, за злоупотреби за време на изборни процеси, за постоење селективна правда, за владина контрола врз медиумите, за партизација и приватизација на институциите во Македонија од страна…

повеќе...

Заев: Груевски немал мерка колку му е доволно

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Секоја прес конференција досега од проектот Вистината за Македонија откри по едно лице на Никола Груевски, што тој со сите сили се обидувал да го држи покриено пред јавноста. Бил суров, бил злобен, бил непресметлив, учествувал во изборни фалсификати… во што ли уште не. Прислушувал илјадници граѓани! Денеска ќе видите колку овој човек, Никола Груевски бил нечесен. Колку бил користољубив. Што правел, во што `се вовлекувал, лично тој, кога биле во прашање неговите сопствени интереси. Денеска ќе стане кристално…

повеќе...

Жерновски: Паѓале договори за бришење докази и нудење поткуп

Прес конференција, Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар Скопје, 12.03.2015 година Почитувани, „Човечињата за рака“ од Пустец, сите ние ги видовме, тие се најдоа и во Извештајот на ОБСЕ, ама последно и слушнавме, и тоа лично од Груевски и неговите соработници, колку важна улога имале овие донесени според нив “човечиња“ во општина Центар.  Општина Центар, и на Груевски и на Мијалков и на целиот нивен тим, им била најсветото нешто што може и мора да се добие, поради проектот Скопје 2014 тежок над половина милијарди евра, и скривање на направениот…

повеќе...

Заев: Ќе поднесеме кривична пријава за смислено нудење поткуп

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите, истакна: „Ставот мој, на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата е јасен, кога се работи за судството односно правосудството и обвинителството во Република Македонија – уште еднаш напоменувам, дека денеска сме овде присутни за да потврдиме дека го почитуваме законот и Уставот и да оставиме трага од сите овие процеси. Напоменувам дека се надевам, дека ќе се одважат поединци во Јавното обвинителство и судството да судат и да носат услуги исклучиво по закон и Устав, ниту повеќе ниту помалку. Напоменувам дека…

повеќе...