Генералниот секретар на СДСМ,Оливер Спасовски, денес одржа прес-коференција, на која истакна: „Почитувани, Денеска до Основното јавно обвинителство СДСМ поднесе Кривична пријава против Никола Груевски, за сторено кривично дело оддавање службена тајна. Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки. Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: Медиумски масакр преку УБК, масовно се прислушувани новинари
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Знам дека Вистината за Македонија, и од овие материјали што досега ги објавивме, e запрепастувачка, тешка, болна, несфатлива за еден нормален човек. Денеска почитувани граѓани и новинари, ќе објавиме дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тоталната контрола што ја имаат воспоставено Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници. Како овие луѓе успеваат да диктираат и креираат лажна реалност, на тој начин одржувајки се на власт. Денеска обелоденуваме дека сето ова…
повеќе...Заев: Нека се охрабрат чесните во обвинителството
Денеска сме во Основното јавно обвинителство, присутен сум како оштетена страна и сведок по основ на поднесената пријава од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Иако знаете дека јавно изразивме сомневање и непризнавање на правосудниот систем на Република Македонија, сакам да потенцирам дека пријавата којашто ја поднесовме е од причините коишто и претходно ги посочивме, да оставиме трага, да покажеме дека ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија, истовремено да испратиме порака дека знаеме дека дигнитетот на институцијата Обвинителство како и другите правосудни органи е нарушена само од поединци.…
повеќе...СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ панично и очајно се обидува да го оттргне вниманието на граѓаните од „Вистината за Македонија“
Општинската организација на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „По објавувањето на скандалозните информации за прислушувањето, местењето судии и судски одлуки и изживувањето во монтирани политички процеси од страна на власта, ВМРО-ДПМНЕ панично и очајно се обидува да го оттргне вниманието на граѓаните од „Вистината за Македонија“. Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ деновиве тргнаа во бескрупулозна битка за освојување на интернет сферата и социјалните мрежи, злоупотребувајќи ги вработените во државните и општинските институции, но и учениците во училиштата. Во Охрид е издадена наредба до директорите на јавните претпријатија, училиштата,…
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев за празникот Прочка
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Синодот и до сите граѓани кои го празнуваат денешниот голем христијански празник Велики поклади – Прочка. „На вас и на сите граѓани кои го чествуваат денешниот голем ден Прочка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, пожелувам празничен ден во духовен мир и семејна хармонија. Денешниот голем христијански празник Прочка, ден на меѓусебното простување, нека `не обедини во желбата за заеднички спокоен живот, на сите нека даде поттик во определбата да…
повеќе...Заев: Слушнете ужас, местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес- конферениција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Ветивме дека ќе ја обелодениме Вистината за Македонија и денеска продолжуваме. Како што рековме, секое следно објавување докази ќе биде пошокантно и позапрепастувачки за Република Македонија. Затоа што, тоа што го правеле Груевски и групата околу него, со своите граѓани, со државата, со медиумите, со политичките противници е грозно и оди до граници што нормален човек не може ни да ги замисли. Овој разговор што го слушнавте е ден по изборите, кога е уапсен Бошкоски. Но…
повеќе...СДСМ: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид?
ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска со вчерашната реакција на општина Охрид. Во неа стои: „Со вчерашното соопштение Општина Охрид призна дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со амин на Министерството за транспорт и врски, безмилосно го ракрчмуваат најатрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Повторно ги прашуваме надлежните во општината: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид? Со кое право се продава тоа земјиште на физички или правни лица? Кој е интересот на Општина Охрид да го продава најатрактивното градежно земјиште по почетна…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Тема на разговорот беа актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата. „Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско – судски процеси, се само мал дел од…
повеќе...Кузески: Градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти
Општинската организација на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти што им ги ветија на охриѓани во нивната изборна програма за време на локалните избори. И не само тоа, туку сега почнаа безмилосно да го раскрчмуваат атрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 метри квадратни атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение.…
повеќе...СДСМ: Нови скандалозни докази – Упад на Груевски во судството
СДСМ денес одржа прес- коференција, на која говореше претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Почитувани граѓани, Имаме обврска да ја обелодениме Вистината за Македонија. Ветивме дека тоа ќе го направиме и продолжуваме. Објавивме тежок политички скандал, дека братучедската двојка, Груевски и Мијалков прислушувале. Ја прислушувале СДСМ, ги прислушувале своите најблиски соработници, ги прислушувале своите коалициски партнери, ги прислушувале другите опозициски партии од македонскиот и албанскиот политички кампус. Ги прислушувале граѓаните, над 20.000 луѓе. Ова што денеска ќе го слушнете ги надминува границите на скандал. Груевски, Мијалков и соработниците, не само што…
повеќе...