Претседателот на СДСМ Зоран Заев оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р. Македонија, Ралф Брет

Делегација на СДСМ предводена од Претседателот Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р. Македонија, Ралф Брет и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс Де Вит. Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија. Претседателот Заев рече дека раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на вистината за Македонија, имајќи ги предвид интересите на граѓаните и државата. „Вистината за Македонија започна да допира до јавноста. Ќе продолжиме со објавување се до конечно враќање на слободата, демократијата и европските…

повеќе...

Раководството на СДСМ од Охрид оствари средба со претставници од ОБСЕ

Општинското партиско раководство на СДСМ во Охрид вчера оствари средба со претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Делегацијата од ОБСЕ ја предводеше Давид Луф, Мониторинг офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата гостите од ОБСЕ беа запознаени со тековните активности и проекти на ОО на СДСМ Охрид и со плановите за идното партиско делување. Стана збор и за актуелните случувања и состојби од сферата на политичкиот и општествениот живот во нашата општина, а беа разменети мислења и ставови и околу актуелните политички случувања во…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лаѕарото

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска остварија средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото. На средбата се разговараше за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции. „Последен аргумент за тоа се само мал дел од доказите што ги поседуваме и ги дадовме вчера на увид на јавноста, дека над 20.000 граѓани во Македонија биле прислушувани за само неколку години, со наредба на премиерот Никола Груевски и директорот на…

повеќе...

СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет

Општинската организција на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое се вели: „Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП „Охридски Комуналец“, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена. Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години…

повеќе...

СДСМ: Докази од мега скандал – Груевски и Мијалков прислушувале 20 000 луѓе

Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА”. Целта е единствена – ДА ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ГИ ВРАТИМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. Oваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го отпочнуваме за враќање на слободата и демократијата. Oва што во интерес на граѓаните и државата сум должен да го споделам со јавноста, е најнепријатното нешто што треба сум повикан да го направам, како одговорен граѓанин на оваа земја. Иако, како и секој човек кој си ја сака државата, искрено жалам што Македонија,…

повеќе...

СДСМ ја најави „Вистината за Македонија“

Централниот одбор на СДСМ едногласно застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и раководството на партијата и донесе црвста и решителна одлука да почне објавувањето на документите, што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта. Централниот одбор, го овласти раководството на СДСМ да ги обелодени документите што докажуваат системско и незаконско прислушување илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудните инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес, селектираната и партиски диригирана правда, погазената држава. Во едногласно усвоените заклучоци се…

повеќе...

СДСМ: Општина Охрид уште еднаш очајно се обиде сопствената вина да ја префрли врз поранешниот градоначалник

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение, во кое стои: „Општина Охрид, наместо да ја признае својата грешка поради скандалот со „правничката“ без диплома во Секторот за урбанизам, уште еднаш очајно се обиде сопствената вина да ја префрли врз поранешниот градоначалник. Безуспешен е обидот на општинската администрација, на чело со градоначалникот Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со контрадикторно соопштение да се амнестира за направениот катастрофален кадровски пропуст. Затоа, многу наивно звучи објаснувањето на сегашното општинско раководство, дека не ангажира лица за работа во општината исклучиво врз основа на партиска припадност. Сепак, фактите…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со Томас Мелиа

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со Заменик – помошникот државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија, Барт Путнеј. Претседателот Заев го запозна заменик помошникот државен секретар Мелиа за случувањата во Република Македонија, откако власта на Никола Груевски преку политички монтирана постапка се обиде да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење. Аргументите и фактите што ги поседуваме се добиени…

повеќе...

СДСМ: Изби нов скандал во општина Охрид

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Изби нов скандал во општина Охрид. Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет. Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите. Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Претседателот Заев го информираше амбасадорот Орав за последните случувања, откако власта на Никола Груевски се обиде со политички монтирана постапка против лидерот на опозицијата да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење. Објавување на докази и аргументи за криминал на власта не може да биде државен удар. Обврска и должност е на секој што добил такви докази да ги објави, посочи лидерот Заев. Не може да…

повеќе...