ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ За ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски тесно партиските интереси се поважни и поголеми од интересите на работниците. Власта на Груевски со години наназад поставуваше партиски директори и раководители во ЕМО Охрид, кои го раскрчмија целиот имот на сметка на работниците. Пред година и пол раководството во ЕМО им понуди на дел од вработените во ДООЕЛ ЕМО Дистрибутивни трансформатори да извршат трансфер во ДООЕЛ ЕМО Производство. На работниците им беше ветено дека ќе имаат редовна работа и дека редовно…
повеќе...Tag: сдсм
Кузески: ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески наместо да ги решаваат проблемите на нас охриѓани тие ни создаваат нови
Портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески денес одржа прес-конференција пред ОУ „Григор Приличев“. Изјавата дадена за медиумите ја пренесуваме интегрално: „Исклучена е струјата во основното училиште Григор Прличев во Охрид. Учениците држат настава само додека има дневна светлина и топлина, родителите и граѓаните збунето прашуваат што се случува? Според информациите доставени до нас причина е огромниот долг на училиштето од над 800 илјади денари или повеќе од 13 илјади евра! Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на…
повеќе...Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорот на Израел, Дан Ориан
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска во седиштето на партијата се сретнаа со амбасадорот на Израел, Дан Ориан. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјава и за економските проблеми на граѓаните и државата. Претседателот Заев рече дека неможноста на граѓаните на Македонија да ја искажат својата слободна волја на изборите е директно посочена во извештаите на ОБСЕ И ОДИХР и дека е неопходно техничка влада да ги организира и спроведе следните избори. Се зборуваше за општиот недемократски амбиент во државата, за недостигот…
повеќе...Силна порака од Франција: Демократијата не може да биде празен збор
Силна порака за актуелната власт во Македонија упати владејачката Социјалистичка партија на Франција: демократијата не може да биде празен збор. Пораката доаѓа по средбата на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис, во рамки на нејзината посета на Франција. Социјалистичката партија на Франција ги акцентираше демократските неуспеси со кои се соочува Република Македонија од доаѓањето на актуелната власт. Француските социјалисти изрази загриженост од пречките на демократијата и ставањето во прашање на правната држава во Република Македонија. Загрижувачките оценки и конкретните забелешки се…
повеќе...СДСМ Охрид со честитка до граѓаните по повод 7-ми Ноември
ОО на СДСМ Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето на Охрид 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 70 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги…
повеќе...Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска во работна посета на Франција
На покана на француската Социјалистичка партија, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција. Во Париз Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со првиот човек на Социјалистичката партија- Првиот секретар Жан Кристофа Камбаделис (Jean-Christophe Cambadélis) и неговиот дипломатски советник Пиер Кануту (Pierre Kanuty). Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во Францускиот парламент, а нејзиниот поранешен Прв секретар, Франсоа Оланд, стана претседател на Франција на изборите во 2012 година. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија на Франција имаат долгогодишна соработка во рамките на Социјалистичката…
повеќе...СДСМ: Законот за работни односи и Правилниците за работа на Јавните претпријатија мора да се почитуваат
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати реакција на вчерашното реагирање на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во неа стои: „Самата ВМРО-ДПМНЕ вчера потврди дека оваа партија кажува кој вработен во јавното претпријатие „Охридски комуналец“ треба да биде казнет. ВМРО-ДПМНЕ нема право да носи вакви одлуки со кои неправедно им се нанесува штета на работниците. Законот за работни односи и Правилниците за работа на Јавните претпријатија мора да се почитуваат. Единствен белег на осумгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане казнената политика која оваа власт ја спроведува кон граѓаните и работниците. Високите казни и…
повеќе...СДСМ ја потпиша декларацијата за остварување на медиумската слобода во Македонија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е првата и засега единствена политичка партија што ја потпиша Декларацијата за остварување на медиумската слобода во Република Македонија. Овој документ вчера беше потпишан и од медиуми, невладини организации, поединци и други субјекти. „Сакаме да ја искажеме нашатa цврста определба за почитување и промовирање на принципиелни ставови во врска со медиумскиот сектор и потребата од негово реформирање, со крајна цел да се постигне посакуваната слобода на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“ стои во Декларацијата. Ставовите во Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка…
повеќе...СДСМ: Раководните кадри во ЈП „Охридски Комуналец“ удрија безмилосно по работниците
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „Наместо да ги решаваат се‘ поголемите проблеми со јавната чистота, кои сите граѓани на Охрид секојдневно ги чувствуваат, раководните кадри во ЈП „Охридски Комуналец“ удрија безмилосно по работниците. 60-тина работници од ЈП „Охридски Комуналец“ парично беа казнети без никаква претходна опомена за наводна нередовност. Според информациите доставени до нас, поголемиот дел од казнетите работници користеле годишен одмор или слободни денови за време на изрекувањето на казните. Да биде иронијата уште поголема, ЈП „Охридски комуналец“ на санкционираните работници им должи слободни денови…
повеќе...Заев: Нема враќање во парламент, од утре активно со граѓаните
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа средба со опозициските колеги Тито Петковски и Андреј Жерновски. По средбата, Заев изјави: „На самата средба се разговараше за две работи.Првата работа е тоа што ги потврдивме нашите ставови. Враќање во Парламентот нема. Секако петте теми се јасни и на јавноста и на власта, теми за коишто, власта доколку смета може да отпочне преговори. Тоа се темите за медиумите, за разграничување на партијата од државата, темата за пописот, темата за избирачкиот список и изборното законодавство и за техничката влада. Втората работа за којашто разговаравме е…
повеќе...