ОО на СДСМ Охрид испрати реакција, на демантот и реакцијата на секретарот Димитар Спасески и ВМРО ДПМНЕ дадена на вчерашниот прес од советниците на СДСМ. Во реакцијата се вели: „Распродажбата на земјиште на сите граѓани на Република Македонија не е решение. И секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески вчера тоа го призна. ВМРО-ДПМНЕ и Спасески вчера во реакцијата заборавија да им кажат на граѓаните дека штом земјиштето се продаде на приватни лица тие согласно законските регулативи имаат можност да бараат пренамена на истото. Кажувајќи дека ова е само можност да…
повеќе...Tag: сдсм
Стојаноски: Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Охрид, Јован Стојаноски, кој истакна: „ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески бесрамно донесоа одлука за продажба на четири огромни земјишни парцели во Охрид, сопственост на Република Македонија. Одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи. Витални проекти од огромно значење за охриѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески во нивната изборна програма ветија дека овие проекти ќе се финансираат со средства од општинскиот…
повеќе...Тунтев: Како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај?
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше претседателот на ОО на СДСМ, Томислав Тунтев, кој се осврна на неодамна ставањето во употреба на новите партиски простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Јавноста штуро беше информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Се работи за атрактивна локација во центарот на градот, со пазарна вредност од над 300 илјади евра. Народот во Македонија е се‘ посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ се‘ побогата. Според овој имотен лист, станува збор за 123 метри квадратни во комплексот…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев се сретна со координаторките на општинските Форуми на жени
Реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на СДСМ и активностите кои се во тек беа централна тема на денешната средба на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со координаторките на општинските Форуми на жени. „Силно веруваме во Стратегијата, во сите четири столба. Нејзината реализација е гарант за враќање на демократијата и просперитет на Република Македонија. Ќе останеме фокусирани на овој партнерски однос со граѓаните. Гледаме дека власта сака да копира некои наши активности но тоа е само бледа копија без суштина. Ние работиме заедно со граѓаните и така ќе продолжиме.…
повеќе...СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека умее само да ги задолжува следните генерации и ништо друго
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески признаваат дека немаат исполнето ниту едно ветување иако помина година и половина од нивниот мандат. Фаза на голем интерес, фаза на добивање на договори, фаза на изготвување на урбанистички план, припремни активности, се очекува одобрение, тоа се оправдувањата на ВМРО-ДПМНЕ зошто досега ништо не реализираа, ништо не изградија. Недостасуваше уште наводното пристигнување на вонземјани во Охрид, соопштено само од провладините медиуми, да се спомене како оправдување за неработата на ВМРО-ДПМНЕ. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ,…
повеќе...Стојаноски: Охрид е на врвот во економската стагнација
Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ го заборавија она што им го ветија на граѓаните на Охрид. Ништо не остварија, обвини помеѓу другото на денешната прес-конференција координаторот на советничката група ОО на СДСМ Охрид, Јован Стојаноски. „Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ветија изградба на нова современа меѓународна автобуска станица како приоритет. Помина година и половина ама нова автобуска станица во Охрид нема. Не е релизирано ниту ветувањето за нов откупно – дистрибутивен центар за раноградинарски производи, со ладилник, во Лакочереј. Земојделците од овој крај ќе чекаат подобри времиња. Го нема ниту ветениот Дом…
повеќе...Генералниот секретар на СДСМ Спасовски ги посети жителите од Теарце на Денот на гравот
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска ги посети жителите на тетовско Теарце, каде по петти пат се организирана манифестацијата Денот на гравот. Со жителите на Теарце и околните населени места од овој регион под Шара, Спасовски разговараше за можностите за брендирање на локалните производи, како што е познатата сорта грав тетовец. Покрај промоцијата на препознатливиот белег за овој регион, жителите на Теарце го покажаа своето гостопримство и го споделија искуството во подготвување на традицоналните специјалитети.
повеќе...Честитка на СДСМ по повод 11-ти Октомври
Социјалдемократскиот сојуз на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11-ти Октомври, Денот на народното востание. „Овој голем државен празник е вечен потсетник за непоколебливоста на народот во Македонија, во битката за својот идентитет, за своја држава, за слобода. Пред 73 години, на денешен ден, во Прилеп и Куманово започна борбата за слободна Македонија. Многу жртви на знајни и незнајни херои паднаа во Народно-ослободителната борба, но сонот на нашите дедовци или татковци се оствари. Света обврска на сегашните генерации е овој аманет, за слободна, независна, просперитетна и економски стабилна…
повеќе...Честитка од СДСМ Охрид по повод 11 Октомври – Денот на народното востание
Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани им го честита големиот државен празник 11 Октомври Денот на востанието на Македонија. „На овој свечен ден повикуваме на сплотеност и единство на сите наши сограѓани без разлика на вера, нација или политичка определба. Нашите предци, борците за слободна Македонија и создавачите на нашата татковина се оние кои денес ги славиме и на кои им оддаваме длабока почит. Нека ни е вечен 11 Октомври!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид. Високи партиски функционери на СДСМ, членови на ЦО и…
повеќе...Рокот за пратениците на СДСМ да се вратат во Собранието истекува на 10 ноември
За точно еден месец, односно на 10 ноември истекува последниот рок за пратениците на СДСМ да се вратат во законодавниот дом. Доколку спикерот Вељаноски претходно не ги стави нивните оставки пред пратениците, согласно Уставот, на 10 ноември истекуваат 6 месеци од верификацијата на нивниот мандат, по што, Комисијата за мандатно имунитетни прашања во Собранието ќе треба да заседава и да констатира престанок на нивниот мандат, по што местата ќе се понудат на следните пратеници на листите. Експертите очекуваат дека дел од пратениците ќе се вратат во Собранието пред истекот на…
повеќе...