Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

Ќе се одржи семинар „Генетика и други елементи за успешен спортски развој“

За постигнување на врвни спортски резултати, секоја Олимписка спортска организација мора сериозно во генетиката да гледа како фактор кој има директно влијание врз перформансите на спортистите. Досегашните истражувања во однос на влијанието на генетиката во спортот треба да служат како патоказ за спортистите и тренерите, спортските клубови и Националните спортски федерации, како и за другите Олимписки и спортски организации, во кој правец треба да се насочи тренажниот процес и самиот тренинг. Дали малите промени кај генетските фактори можат да влијаат врз спортските резултати? Дали други фактори можат да придонесат да…

повеќе...

Делегација на Царината учествува на семинар „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на ЕУ“

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, Наташа Радеска Крстевска, заедно со високи претставници на царинските администрации од земјите членки на ЕУ, претставници од Европската комисија, Светската царинска организација, како и претставници од бизнис заедницата, учествуваше на семинарот „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на Европската унија“, од 10 до 11 Октомври 2016 година, во Краков – Полска. Целта на семинарот беше учесниците да завземат заеднички и координиран пристап кон предизвиците кои произлегуваат од е-трговијата и можностите за нивно успешно надминување. Имено, е-трговијата кај пратките…

повеќе...

ИО „Пионер“ од Охрид дел од Тренинг семинар за преживување и спасување во природа

Осумнаесет учесници од девет Балканските држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од Тренинг Семинарот за Преживување и Спасување во Природа кој е организиран од Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекција за Заштита и Спасување на РМ, поддржан од Иницијативата за Подготвеност за Катастрофи и Превенција на Југоисточна Европа. Овој семинар се одржа на повеќе локации во околината на Охрид, каде учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да се споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување…

повеќе...

Студенти по индустриско инженерство и менаџмент на прием кај претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими членовите на Европското здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент – ЕСТИЕМ, кои се во посета на земјата по повод нивното учество на меѓународниот семинар, чиј домаќин е Македонија. На средбата на која присуствуваа и македонски студенти, членови на ЕСТИМЕ, претседателот Иванов беше запознаен со целите на ова здружение, за нивните досега реализирани активности и натамошни планови. Македонскиот претседател им посака успех на студентите во нивните идни активности и изрази задоволство од можноста да се сретне со успешни млади…

повеќе...

Дводневен семинар во Охрид „Обука за контрола на возилата на сообраќајот“

„Обука за контрола на возилата на сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре ќе се одржи во одмаралиштето на МВР во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес во 13 часот на паркинг просторот кај „Горица“ ќе биде изведена вежба за принудно запирање на возила со таканаречени „ежеви“. Целта…

повеќе...

Семинар на тема „Дидактички методи за усно изразување”

Како дел од програмата „францускиот како странски јазик” на Меѓународната организација на Франкофонијата, Центарот за јазици на Универзитетот во Женева и Регионалниот франкофонски центар за Централна и Источна Европа (CREFECO) организираат семинар за јазично усовршување за наставници на почетокот на нивната кариера од Албанија, Ерменија, Бугарија, Република Македонија, Молдавија, Романија. Семинарот на тема „Дидактички методи за усно изразување” ќе се одржи од 15-26 август 2016 година во Женева, Швајцарија. Програмата на семинарот, дополнителни информации и пријавување на сајтот на CREFECO: http://crefeco.org/display.php?fr/Formulaire Краен рок за пријавување е 12 мај 2016 година.

повеќе...

Работен семинар за обука: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска официјално започна работниот семинар за обука на тема: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003) на национално ниво. Обуката која се одржува од 11 до 15 април, е во организација на Националниот комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика) на Македонија, во партнерство со Националната Комисија за УНЕСКО за Република Македонија и Регионалниот центар за заштита на нематеријалното културно налседство во југоисточна Европа со центар во Софија (Бугарија), а под покровителство на…

повеќе...

Семинар во ОУ „Григор Прличев“ „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“

Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа семинар на тема „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“. Семинарот беше организиран во соработка на училиштето и проф. д-р Љупчо Кеверески. Наставниците се запознаа со нови начини за откривање и работа со талентираните и надарените ученици, преку предавањата на проф. д-р Љупчо Кеверески, проф. д-р Методија Стојаноски и м-р Весна Стијаноска. „Предавањата побудија интерес кај наставниците, а стекнатите знаења ќе бидат интегрирани во секојдневното работење со талентираните и надарените ученици во нашето училиште.“- велат од ОУ„Григор Прличев“.

повеќе...

ЦИВИЛ со семинари за слободни избори во Битола и Охрид

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата семинари на тема Слободни избори за слободни граѓан(к)и кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Семинари за слободни избори ќе се одржат во Битола, на 3 октомври (сабота) и во Охрид, на 4 октомври (недела). Предност за учество на овие семинари имаат членови и поддржувачи на ЦИВИЛ, како и оние што ги предлага соодветниот регионален координатор во наведените градови. Пред почетокот на семинарите, ЦИВИЛ ќе биде на располагање на локалните медиуми во 10:30 часот. Средбата со новинар(к)ите во Битола ќе…

повеќе...