Прво место за ОУ „Христо Узунов“ на регионалниот натпревар во футсал

Екипата од ОУ „Христо Узунов“ го освои првото место на регионалниот натпревар во футсал кој се одржа во Кичево. ОУ „Христо Узунов“ во Првото коло го совлада Гостивар со 9:1, во полуфиналето Кичево со 4:1 и во финалето Гостивар со 5:2. Најдобар стрелец со 8 постигнати голови беше Александар Георгиески – ученик во деветто одделение. Ментори на тимот на ОУ „Христо Узунов“ се професорите по физичко: Стефанка Ангелоска, Душко Крстески, Гоце Тасески и Александар Толески. Како првопласирана екипа на ова регионално натпреварување, ОУ „Христо Узунов“ обезбеди учество на републичкиот натпревар. WebOhrid

повеќе...

Интервју: Како работат директорите на охридските основни училишта?

Воспитно-образовниот процес е одговорна и комплексна работа која бара посветеност и одговорност од сите нејзини чинители, како од наставниците и стручните соработници, така и од учениците и родителите. За да биде сето тоа и сите тие фактори да бидат обединети и координирани на патот кон својата цел, потребно е нивниот заеднички водач и раководител – директорот, да биде пред се’ посветен и одговорен менаџер на училиштето со кое раководи. Kaко работат и колку се посветени на својата работа директорите на охридските училишта, ќе дознаете од симултаното интервју кое го водиме…

повеќе...

Фондацијата „Чекор по чекор“ донираше потрошни материјали и средства во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес, претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид,  донираа потрошни наставни материјали и средства: фломастери, боички, хамери, восочни бои, пластелин и друго. Овие средства ќе послужат како мотивација – награда за оние паралелки кои ќе се истакнат во добро поведение, еколошки и други активности активности кои ќе се организираат во училиштето. ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид соработува со оваа Фондација од далечната 1996 година кога беше вклучено во реализација на програмата „Чекор по чекор“ , а потоа и во проектите…

повеќе...

Вработените и учениците од ОУ„Дебрца“ активно вклучени во проектот-Македонија без отпад

Денеска учениците и вработените од Основното училиште „Дебрца“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. Во централното училиште и во сите подрачни училишта на Општина Дебрца учениците и вработените ги исчистија и хортикултурно ги уредија школските дворови. Учениците со своите вредни рачиња допринесоа за почиста животна средина. Како дел од акцијата беа одржани и едукативни предавања за чиста и здрава животна средина.

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ активно се вклучи во акцијата „Македонија без отпад“

Учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. „Беше исчистен школскиот двор, донесен отпад од технички средства и беше одржано едукативно предавање за учениците, за здрава и чиста животна средина.“ – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Веднаш по акцијата отпадот беше подигнат од екипа од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“

Основното училиште „Св.Климент Охрдски“ – Охрид во наставата вклучи успешни претприемачи од државата и пошироко. Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид. Во согласност со наставниот план и програма на предметот, професорот Галина Малезаноска, првото предавање „Карактеристики на успешен претприемач“ го одржа со д-р Весна Игнатович – Стоилкович, основач на центрите за естеска медицина „Dr.-VAIS“. Учениците беа импресионирани од нејзиниот професионален успех на меѓународно ниво стекнат во 25-годишното работно искуство и работењето на нејзините центри во Ниш, Белград и Скопје. Секој ученик на крајот…

повеќе...

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 10-ти октомври

Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид општинскиот натпревар „Млади библиотекари“, годинава ќе го одржи на 10-ти октомври во просториите на Библиотеката, а почетокот на натпреварот ќе биде во 12 часот. Право на учество на овој натпревар имаат членовите на библиотеките од Основните училишта од Охрид и околината и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 годишна возраст. Комисијата ги повикува сите ученици кои имаат интерес за учество во натпреварот за подготовка да го користат прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од вчера учат во нова училница

По барање на родителите, а со посебно залагање на раководството на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, од вчера учениците од прво одделение ќе учат во нова училница, во смена со своите врсници. Имено, ова училиште веќе подолго време се соочуваше со просторни услови за згрижување на сите ученици од прво одделение во една смена, заради недостаток на просторни услови, односно соодветна училница (занимална). Поради тоа, дел од учениците од прво одделение досега беа принудени да одат на училиште со другата смена, односно со поголемите ученици од предметна настава. Секоја учебна…

повеќе...

Утре ќе се одржи „Велосипедски крос“ за учениците од VI до IX одделение од ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид и спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма има планирано, меѓу другото, и „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава (VI до IX одделение). Велосипедскиот крос ќе се одржи утре (петок) со почеток во 10:00 часот, тргнувањето на сите учесници на кросот ќе биде од училишниот двор и ќе се вози по следната рута: ОУ „Христо Узунов“ – по улицата „Питу Гули“ до излезот на Охрид кон Битола – Лескоец – Косел – Вапила – Г.Лакочереј – Д.Лакочереј – Орман-влез на Охрид…

повеќе...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Втор ден во училишните клупи во охридското село Коњско наместо ученици седат родители, а никој од надлежните не реагира. Родителите со право протестираат, отакако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување. Во една училница беа седнати три генерации ученици, од прво, второ и трето одделение, да им предава еден учител. И ова се случува во 21-от век. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието. Тоа што од буџетските средства на општина…

повеќе...