„На патот за Охрид“ – Ликовна изложба на Славица Секулоски (Ван ден Берг) во куќата на Робевци

Под необичен наслов „На патот за Охрид“, вчеравечер во познатата охридска куќа на Робевци се отвори ликовна изложба од Славица Секуловски – Ван ден Берг, Македонка која живее и твори во Холандија. Десетина нејзини дела со носталгични мотиви од Македонија ќе бидат изложени следните петнаесет дена во галеријата – куќата на Робевци, а истите ќе можат да се откупат по цена која се движи од 1000 до 2000 евра. Вредно е да се напомене дека приходот од продажбата на сликите ќе биде дониран во хуманитарна цел, односно за лекување на…

повеќе...

Традицијата и минатото неисцрпна инспирација за Рисимкин

Изложба на ликовни дела под наслов „Патинирани цитати“ од ликовниот уметник Мирче Матевски-Рисимкин беше отворена саботата во Куќата на Робевци во Охрид. Изложени се 16 уметнички слики од авторот Рисимкин, кои се изработени во техниката „масло на платно“. Матевски истакна дека ја работи исклучиво оваа техника, зашто како што рече, дава можности за изразување, какви што не даваат останатите ликовни техники. „Ова се дела кои се настанати во последните 3-4 години после моето враќање од Австралија. Тематски се базирани на нашата традиција и фолколор, на писменоста, азбуката која е создадена…

повеќе...

Изложба по повод 90 години од раѓањето на Вангел Наумовски

По повод 90 години од раѓањето на Вангел Наумовски и по повод 50 години од неговата прва самостојна изложба отворена во Охрид на втори август 1945, во сабота(26-ти јули), во изложбениот салон на Куќата на Уранија, со почеток во 20:00 часот, свечено ќе биде отворена изложбата на слики насловена „Портрети и ликови“. Изложбата ќе ја отвори Академик Цветан Грозданов.

повеќе...

Утре изложба „Со глава низ ѕид“- избор на дела од Тина Дрчар

Утре, петок (11 јули) , со почеток во 20.00 часот, во галеријата од Куќата на Робевци, Музеј, Охрид ќе биде отворена изложбата „Со глава низ ѕид“ – Избор на дела од уметничката Тина Дрчар.

повеќе...

Известување од Фото РЕКС

Поради реакции и забелешки за квалитетот на фотографирањето во училиштата во Охрид, се известува јавноста дека Фото РЕКС оваа година ги фотографира само учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти. Сите други училишта се фотографирани од други фотографи.

повеќе...

Трите Ивани отворија една изложба во „Куќата на Робевци”

Синоќа, во „Куќата на Робевци“, отворена е една заедничка изложба на уметнички експонати. Уметнички слики  на Ивана Настески и филигрански накит на Ивана Стојановска Станковиќ , и двете -графичарки и магистри на Ликовната академија во Скопје.   За уметноста на двете Ивани говореше уште една Ивана, архитектот Ивана Групче, член на културниот проект „Артерија“, организатор и промотор на серијата изложби која е закажана за оваа сезона во „Куќата на Робевци“. „Ивана Настоски го создава својот универзум преку симболи кои се појавуваат уште во праисториската уметност, а трпат своевидна трансформација низ…

повеќе...

Внимавајте: Има фото рекс и ФОТО РЕКС!

ВНИМАНИЕ !!! Им се соопштува на сите граѓани дека се појавија одредени личности кои го напаѓаат брендот ФОТО РЕКС и лажно се претставуваат за остварување на своите цели, особено кога е во прашање крајот на школската година. Затоа се молат за секоја информација и закажување да се обратат во претставништвото на Фото Рекс на добро познатото место во чаршијата.

повеќе...

Изложба на фотографии на Фото клуб „Охрид“ во просториите на „Охридско Лето“

Вечерва во просториите на „Охридско Лето“, во рамките на активностите за одбележување на празникот Свети Климент Охридски беше отворена 15-та традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“. Како дел од годинашното празнување, во низата на бројните културни содржини, љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во фотографската уметност на 10 тината автори чии фотографии од денес па во наредните два дена ќе бидат изложени просториите на Фестивалот.  Претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска која ја прогласи изложбата за отворена, рече дека зад секоја слика има 15 години ентузијазам и…

повеќе...

Изложба на творби на деца и млади во Струга

Ликовни творби на деца и млади на тема „Сите бои на мојата земја“ ќе бидат изложени на 21 ноември во Струга, во Основното училиште „Браќа Миладиновци“. Творбите се создадени од ученици од повеќе градови во текот на Креативната школа за ликовно творештво, одржана летово во Охрид, во рамки на проектот на Цивил – Центар за слобода „Сите бои на мојата земја“, посветен на едукацијата за човековите права и слободи и толеранцијата преку заедничко креативно творење. Делата кои ќе бидат изложени се дел од творбите создадени во текот на Школите за…

повеќе...