Со словенечка помош ќе се подобрува туристичката понуда во Македонија

Министерството за економија ќе ангажира еминентни странски експерти кои ќе одржат обуки за македонските туристички работници со цел да се подобри туристичката понуда во земјава. Тоа ќе го овозможи двегодишниот проект „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичка индустрија во Македонија“ што ќе се спроведува преку Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО). „Целиот проект чини 220.000 евра, средства обезбедени од донација од словенечката влада, кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата, заради законските можности и прописи кои се обврзувачки за Република Словенија. Тие ќе се искористат…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во работна посета на министерството за финансии во Словенија

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, утре во Љубљана Република Словенија ќе има работна посета во словенечкото Министерството за финансии. Целта на работната средба ќе биде обезбедување поддршка за проектите за заштита на Охридското Езеро кои ќе бидат кофинансирани од словенечката Влада. Акцентот ќе биде ставен на проектите за прочистителната станица во село Трпејца  како и реконструкција и адаптација на колекторскиот систем од Охрид до Пештани. На работната средба во Словенија, ќе биде разговарано и за други прашања од сферата на…

повеќе...