Полна кутија сметки за викендашите

Оние кои што имаат викенд-станови, со секое свое доаѓање во Охрид се соочуваат со голем број сметки кои „ги чекаат на купче“. Повеќето имаат поштенски сандачиња или нивните сметки уредно се складирани од страна на нивните соседи/куќни совети. Но, голем дел се соочуваат и со расфрлани сметки и сметки кои недостасуваат. Најголем проблем имаат оние кои не доаѓаат често во Охрид и кои немаат поштенски сандачиња. Во овој случај, во една од охридските згради затекнавме кутија полна со сметки во која сопствениците ќе можат да си ги побараат своите сметки.…

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

Воведено електронско плаќање на сметките од ЈП „Водовод“ Охрид

Од денес граѓаните на Охрид ќе можат електронски да ги плаќаат сметките од ЈП „Водовод“ Охрид. Ова електронско плаќање не е само плаќање, туку е и преглед на сите оние сметки кои се заостанати и кои се обврска на сите корисници да ги подмират кон ЈП „Водовод“ Охрид, рече денес на прес-конференција директорот Томе Паскалоски. „Од денеска воведуваме еден нов производ, еден нов пакет услуга према нашите потрошувачи, односно електронско плаќање на сметките за физичките лица кои на број се 20 илјади до 23 илјади коминтенти, вклучувајќи ги викендашите во летниот период достигнуваат бројка од 30 илјади коминтенти.…

повеќе...

Од август повисоки сметки за струја?

Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат нова цена на струјата, која најверојатно ќе биде и повисока. За колкав процент и дали ќе биде зголемена цената на струјата, треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика до крајот на јуни. Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци. Дека пресметките се доставени до регулаторите за порталот „Фактор“ потврдуваат од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги разгледа и одлучи,…

повеќе...

Економски сметки во земјоделството, по тековни цени

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2013 година изнесува 49 670 милиони денари и во однос на 2012 година бележи номинален раст од 15.9%. Раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 9.5% во однос на 2012 година. Растителното производство во 2013 година (кое во вкупното производство учествува со 69.1%) бележи раст од 9.6% во однос на 2012 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21.7%) порасна за 2,7% во однос на 2012 година. Меѓуфазната потрошувачка во 2013 година…

повеќе...

Сметките за вода за фирмите од април само во електронска форма

Од 1 април, идната година јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за команиите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење. Како што инфорира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат по електронски пат, со што ќе се намали праксата кога им се губат сметките и не можат да ги најдат. „На овој начин, граѓаните ќе се осигураат дека сметките…

повеќе...

Сметките од „Нискоградба“ во нова боја

Граѓаните на Охрид денес ги добија сметките од Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид, за одведување на отпадни и атмосферски води за месец август. Овие сметки кои досега беа сиви, односно црно-бели, од денес имаат нова светло зелена боја. WebOhrid

повеќе...

Нови сметки за плаќање на радиодифузна такса

Управата за јавни приходи ги информира обврзниците за плаќање на радиодифузна такса дека плаќањето на радиодифузната такса, покрај на собирната сметка на ЈП МРТ отворена во Комерцијална банка 300000002318627, отсега ќе можат да го вршат и во следните банки каде се отворени нови сметки на ЈП МРТ за плаќање на РДТ: -Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје – 250001002999026 -НЛБ Тутунска банка АД Скопје – 210040634060360 -Халк Банка АД Скопје – 270040634060270 Новоотворените сметки за плаќање на оваа обврска ќе бидат наведени на задната страна на Решението за утврдување на радиодифузна…

повеќе...

Над два милиони пликoa ќе учествуваат во извлекувањето на 30 јуни во наградната игра со фискални

Над два милиона пликоа ќе учествуваат во извлекувањето во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ коешто ќе се одржи во понеделник на 30 јуни 2014 година. „Овој пат повторно имаме стан во Аеродром од над 50 квадрати, исто така дуќан во Аеродром, автомобил „пежо 208“ и други бројни награди, поточно ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра. Само овој месец се пристигнати над 300 илјади пликоа, а бидејќи во извлекувањето ќе учествуваат сите претходно неизвлечени пликоа од февруари до јуни , во игра за добивање на овие…

повеќе...

УЈП летово со засилени контроли за фискализација

Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет. „Со цел превентивно да делуваме субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, даночниците деновиве отпочнаа со засилени контроли во Гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекти во Кавадарци…

повеќе...