Снежно мартовско утро

Утрово Охрид се разбуди со слаба снежна покривка. Студениот бран во текот на ноќта донесе снег, кој полека се топи поради порастот на дневната температура. Во 08:00 часот во Охрид беа измерени 3 ºС. WebOhrid

повеќе...

Најавен стартот на Мавровскиот меморијал

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…

повеќе...

Нови врнежи од снег и заладување

Врнежи од снег со слаб интензитет најави за ноќеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот. Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините ќе биде од пет до 10 сантиметри. Во среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а…

повеќе...

Од утре нови врнежи на снег

Од утре попладне во северозападните делови, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините за 10 до 20 cm. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка. Утре ќе дува умерен, повремено и засилен јужен ветер, што ќе…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Пресека

Рано утрово во 05:30 часот на патниот правец Кичево-Охрид на планинскиот превој „Пресека“ и обратно поради обилни врнежи од снег и подмрзнување на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ.

повеќе...

Продолжуваат активностите за расчистување на охридските улици од снег

Продолжуваат активностите на ЈП „Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните утрински часови екипи на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Опфатени беа улиците: „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7ми ноември“, „Гоце Делчев“, дел од бул. „Туристичка“ и во стариот дел од градот, информираат од претпријатието. Покрај овие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење…

повеќе...

ЈП Охридски Комуналец: Се расчистуваше чаршијата од снег

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со расчистување на чаршијата после обилните врнежи на снег кои го зафатија градот пред неколку дена. „Во наредните денови, покрај машинското, ќе се продолжи и со рачно чистење на јавните површини, како и на тротоарите и патеките кои се наменети за пешаците.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Излизган камион на патот Охрид-Кичево

Патниот правец Охрид – Кичево кај селото Издеглавје се одвива по една лента поради излизган камион. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, крак Маврово – Дебар како и на патниот правец Прилеп – Витолиште, каде што сообраќај е дозволен само за лесни возила со задолжителна употреба на зимска опрема. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција…

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на Маврово, Ѓавато и Деве Баир

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман,Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

повеќе...

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат снегот

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” вонредно се ангажирани на терен после првиот снег во оваа година. „Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег.“– велат од претпријатието. Чистењето ќе продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот.

повеќе...