Викендов снежна бура, ќе навее снег до 35 сантиметри

Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Accuweather. Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скпоје за викендов. Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната од 5 до 11 степени. В…

повеќе...

Минусни температури во цела Македонија – утре се очекува снег

Температурите во сите делови на Македонија утринава беа под нулата, а најниските температура се измерени во Битола и во Берово каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени. Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје Струмица и Тетово изнесувала минус осум Целзиусови степени, во Демир Капија, Куманово и Крива Паланка била минус седум, во Дебар, Дојран Гевгелија, Крушево, Маврово и Штип минус шест, во Охрид минус пет, а во Претор минус два Целзиусови степена. Во текот на денот се очекува умерено…

повеќе...

До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег

Стабилно и суво време не очекува до вторник, а во среда ќе настапи извесна промена на времето. Ден пред Нова Година не очекува постудено време со услови за локални врнежи од дожд и снег.

повеќе...

Првиот снег се очекува кон средината на јануари

Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно,…

повеќе...

Падна првиот снег на планината Кожув

Падна првиот снег на планината Кожув за оваа сезона. Снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри. „Засега снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри, но снежните врнежи и понатаму се интензивни. Очекуваме до крајот на денот согласно прогнозата за временските услови, снежната покривка да достигне од 25 до 30 сантиметри“, изјави Ангел Наков, извршен директор на ски центарот „Кожуф“ компанија чие седиште е во Кавадарци. Извор: Нет Прес

повеќе...

Остатоци од кашест снег на дел од коловозите

Поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинскиот премин Пресека, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри. Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија Пат. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврво, како и на планинските премини Стража…

повеќе...

Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража

Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост од 70 до 100 метри, патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 10 до 15 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 20 до 30 метр, информираат од АМСМ. Сообраќајот на патиштата во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот.

повеќе...

Од утре дожд и ветер, на планините снег

Дождот ќе почне попладнево. Утре пороен дожд во западните и крајните источни делови. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ 1 Берово, 2 Струмица, 4 Скопје, Битола, Кр. Паланка, 5 Куманово, 6 Пожар, Гевгелија, Штип, 7 Пожаране, Лазарополе, Крушево, 8 Маврово, Ѓуриште, 10 Тополчани, Прилеп, Тетово, Претор, 11 Охрид, 12 Д. Капија. НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот. 1 во Лазарополе ВРЕМЕТО ДЕНЕС Променливо облачно, во крајните западни делови со повремени врнежи од дожд кои во ноќнте часови ќе се прошират насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Ќе дува…

повеќе...

Од недела врнежи од дожд и снег

Од недела врнежи од дожд и снег. Како што најавуваат од УХМР, во недела не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. Инаку, до петок се очекува да преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Извор: Нет Прес

повеќе...

Од 15-ти ноември задолжителна зимска опрема за возилата

Од 15-ти Ноември започнува законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15-ти Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места. Што се подразбира под зимска опрема можете да прочитате во Правилникот за задолжителна опрема во возилото.

повеќе...