Од вторник се враќа топлото време

По малиот пад на температурите, од вторник се враќа топлото време. Како што информираат од УХМР, од вторник до петок (15-ти до 18 септември) подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината. Извор: Нет Прес

повеќе...

Нијансите на небото над Охрид

Вака изгледаше небото над Охрид вечерва неколку минути по зајдисонце. Откако Сонцето се сокри зад Самуиловата тврдина (од наш агол), неговите зраци го обоија небото над Охрид. Најверојатно жолтата фаза го направи своето, но со одредена доза на синило. Во секој случај, прекрасна глетка за уживање за оние кои беа на отворено во тој момент. WebOhrid

повеќе...

Топлотен бран во Македонија: Температури од жолта фаза

Повторно топлотен бран во Македонија. Согласно најавата од метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи, се очекува денес и утре целата територија на државата да биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Станува збор за температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Да се почитуваат препораките! Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. Министерството за здравство повторно излезе со препораки во однос на најавениот топлотен бран во земјава. – Престој во затворени (климатизирани) простории, а при неопходен престој на…

повеќе...

Дополнителни препораки за заштита од топлото време

Од Министерството за здравство информираат дека на вчерашната седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за здравство, беа донесени дополнителни препораки за заштита на населението од високите температури, поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за температури од портокалова фаза во вкупно три од шест региони низ државата во текот на утрешниот ден, како и високи температури низ целата држава кои траат континуирано изминатиот период. Владата донесе препорака за ослободување од работните обврски на сите лица кои работат со скратено работно време поради здравствени причини. Воедно, се препорачува да…

повеќе...

Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре два региони од територијата на државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза. Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта Во текот на утрешниот ден температури од портокалова фаза ќе има во охридско –преспанскиот и јужно-вардарскиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Како што информираат од Министерството за здравство останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза. Почитувајте ги препораките Бремените жени и хронично болните лица…

повеќе...

Бремените и болните над 60 години ослободени од работа до 4-ти август поради топлото време

До 4-ти август ќе продолжат да важат донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, соопшти синоќа Министерството за здравство. Продолжувањето на препораките, кои важеа и деновиве (од 22-ри до денеска) е поради најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи – дека до крајот на неделата ќе продолжат високите температури над 40 степени. Министерството наведува дека во претстојниот период континуирано…

повеќе...

Утре најтоплиот ден ова лето, задутре дожд

Најтоплиот ден во ова лето не очекува утре. Како што најавуваат метеоролозите времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре, кога не очекува најтоплиот ден за оваа сезона, утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени. По најтоплиот ден во годината – пороен дожд И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж…

повеќе...

Од утре уште потопло, температури над 40 степени

Како што најавуваат метеоролозите, во почетокот на следната недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури. Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени. Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени. Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски…

повеќе...

Од понеделник уште потопло време – Дирекцијата за заштита и спасување со препораки

Како што најавуваат метеоролозите, од почетокот на следната недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури. Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени. Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени. Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски…

повеќе...

И денес високи температури, почитувајте ги препораките

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност, а повторно не очекуваат високи температури, затоа неопходно е граѓаните да се придржуваат до препораките издадени од пред неколку дена. Според најавите на метеоролозите попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени. Инаку, сеуште се на сила препораките од Министерството за здравство издадени откако Македонија беше зафатена со…

повеќе...