ОСБСП Охрид со апел до возачите за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот

Пред нас се стоте најцрни и најкритични денови кога е во прашање безбедноста во сообраќајот. Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во текот на туристичката сезона, од ОСБСП упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење,…

повеќе...

Пуштени во употреба семафорите на пресекот на ул. „Железничка“ и „Кленоец“

На барање на граѓаните, а во рамките на програмата за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, во соработка со СВР Охрид, денеска во употреба беа пуштени семафорите на пресекот на улиците „Железничка„ и „Кленоец“. Оваа крстосница беше позната како место каде што се случуваа голем број сообраќајни несреќи. Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици сметаат дека со поставувањето на семафорите ќе се зголеми безбедноста на одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Утре ќе се одржи Општинскиот натпревар „Детски семафор 2017″

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, годинава, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор”. Општинскиот натпревар „Детски семафор 2017″ ќе се одржи утре 06.05.2017 година (сабота) со почеток во 10 часот во основното училиште „Григор Прличев“. Натпреварот се состои од два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови (полагањето ќе биде во 10 часот во…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека-Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), денес сообраќајот ќе биде во прекин од 11-12 часот и од 13-15 часот.

повеќе...

Улицата „Питу Гули“ еднонасочна!?!

Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите. Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон  улицата „Питу Гули“. Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба. WebOhrid

повеќе...

Утре ќе има прекин во сообраќајот на патот Охрид -Кичево

Од АМСМ информираат дека утре, 22.02.2017 (среда) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, после планинскиот премин Пресека кај с. Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 13:00 – 16:00 часот околу 15 – 20 минути.

повеќе...

СВР Охрид со безбедносни мерки за Водици

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност на патиштата со апел за одговорно учество во сообраќајот за празниците

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, користење на безбедносните појаси,…

повеќе...

Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ испратија новогодишни пораки за безбеден сообраќај

Со денешната активност „Новогодишни пораки за безбеден сообраќај“, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ја заокружи работата за 2016 година. Денес, во рамките на предновогодишната програма на Градскиот плоштад, во соработка со детската градинка „Јасна Ристеска“, најмладите ги испратија новогодишните пораки до сите учесници во сообраќајот. Тие, со испишани пароли за поголема безбедност и внимателност во сообраќајот, излегоа на сцената и на возрасните им упатија серија пораки со кои, од возачите на автомобили и другите учесници побараа поголема совесност и одговорност во сообраќајот. Во пресрет…

повеќе...