Прифатен елаборатот за проценетите штети од мразот во април

Советот на општина Охрид, на денешната седница, го усвои Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури настанати на подрачјето на општина Охрид на 25.04.2016 година.Елаборатот, кој ќе биде доставен до надлежните државни органи, го изготви Комисијата за проценка на штети и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Охрид. Според податоците, по мразевите и сланата од 25.04.2016 година, барање за надомесет од штети поднеле 110 регистрирани земјоделци од подрачјето на Охрид и селата Лескоец, Косел, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј,…

повеќе...

Делегација на Општина Охрид во посета на Поградец

Делегација на општина Охрид, составена од советниците Љупчо Настоски, Кујтим Усени и Виолета Мицкоска, присуствуваше на свеченото одбележување на почетокот на туристичката сезона во Поградец, Република Албанија. Веќе неколку години, властите во Поградец ја организираат оваа манифестација со која симболично го означуваат почетокот на летната сезона, преку различни настани и активности кои ги поврзуваат двете општини.

повеќе...

Свикана педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ педесет и петата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.06.2016 година (среда) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Настаните со светско реноме ветуваат плодна туристичка сезона во Охрид

И покрај политичката криза, Охрид очекува плодна туристичка сезона и продолжување на трендот на пораст на туристичкиот промет во однос на изминатите години, онака како што се стартуваше во првото тримесечје од 2016 година. Музичките настани со светско реноме кои годинава ги поддржува општина Охрид, а кои ќе се случаат ова лето се очекува само во еден викенд да донесат над 15 000 нови гости на охридската ривиера. За вакви настани како и за состојбите во туризмот се разговараше на осмиот по ред состанок на Локалниот економски совет со кој…

повеќе...

Одржана педесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница ги прифати предлог одлуките за учество во проектите „ Вотеренерџи“- „Водени еко тематски менаџмент активности“ , „ Прикторија“ -„Виа игнација крстопат Прикторија историска мрежа на златни спортски медали“ , „Ирк- хермес“-„Интеррегионално управување со културното наследство е-систем” и „ Крос4ол“-„Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција” .Беше прифатена и одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија. Од урбанистичката сфера беа прифатени предложените одлуки за определување член…

повеќе...

Свикана педесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.05.2016 година (четврток) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Велигденските и првомајски празници, од  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас,…

повеќе...

Одржана педесет и третата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница, од урбанистичката сфера, ги усвои предложените предлок одлуки за донесување Детален урбанистички план за 6-та УЗ, дел од УБ 6.1 – опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019, за донесување Детален урбанистички план за УЗ 1, дел од УБ 1.4– опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2015 – 2020 и за донесување Детален урбанистички план за УЗ 12, дел од УБ 12.4– опфат 4 Охрид, општина Охрид, плански период 2012 – 2017 година. Беа прифатени и предложените одлуки за…

повеќе...

30-та седница на Економско-социјалниот совет

Денеска се одржа 30-та седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. На дневен ред на 30-та седница на ЕСС беа повеќе точки: разгледување и усвојување на Нацрт-трипартитниот акциски план за унапредување на колективното договарање согласно со разговорите на трипартитната работилница, одржана во Скопје на 22 септември 2015; разгледување и усвојување на Нацрт-верзијата на Предлог програмата за работа на Економско – социјалниот совет за 2016 година; разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија и план на ЕСС; утврдување на…

повеќе...

Продолжуваат активностите за проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Коалицијата на невладини организациии „СЕГА“, Младински Совет Охрид и децата правобранители и овој месец продолжија со реализацијата на активностите, предвидени со проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија. Овој проект се спроведува веќе седма година, во ОУ „Братство Единство“ и во С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј“. Во тој контекст, во текот на изминатите триесет дена децата правобранители од двете гонреаведени училишта извршија презентации на Ревидираниот прирачник за дете правобранител, пред нивни соученици и пред наставниот кадар во основните училишта „Христо Узунов“ и „Свети Климент Охридски”,…

повеќе...