МОН објави конкурс за стипендии за студии по старотурски јазик

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 20 целосни стипендии за додипломски и за постидипломски студии за изучување на старотурски јазик на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии. МОН трета година по ред го објавува конкурсот преку кој во изминатите две години биле стипендирани девет кандидати – четири на додипломски и пет на постдипломски студии. Рокот за пријавување на новиот конкурс, за академската 2016/2017 година, ќе трае до 30 септември. Стипендијата е целосна и ги покрива сите трошоци на студирањето и за престојот…

повеќе...

Резултати од конкурсите за ученички стипендии за 2015/2016 година

Резултати од конкурсите за ученички стипендии за 2015/2016 година Резултати: 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици – спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година Сите кандидати – добитници на стипендија потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно…

повеќе...

Договорите за ученички стипендии ќе се потпишуваат до 30-ти декември

Министерството за образование и наука ги информира сите ученици – кандидати на конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година, на кои им е доделена стипендија во некоја од категориите, потребно е лично да се обратат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147 каде ќе добијат подетални информации поврзани со потпишување на договор и доставување на трансакциска сметка. Потпишувањето на договорите ќе се врши заклучно со 30.12.2015 година.

повеќе...

Објавен конкурс за 2.905 студентски стипендии, износите повисоки за 10 отсто

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за студентски стипендии за академската 2015/2016 година. Оваа година се доделуваат 2.905 студентски стипендии и согласно одлуката на Владата од мај износите на стипендиите се зголемени за 10 отсто, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, појаснувајќи дека стипендиите се поделени во четири категории. Првата категорија на стипендии се однесува за студенти од социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош или друг вид поддршка од државата, со што предност имаат децата на самохрани родители, децата без родители и…

повеќе...

Објавени конкурси за стипендирање, менторство и туторство на средношколци од ромска националност

Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта објави два конкурса со кои ќе додели 671 стипендија на редовни ученици во јавните и приватните средни училишта во државава кои се припадници на ромската заедница, а ќе обезбеди и дополнителна стручна помош за учениците што добиле ваков вид стипендија преку ангажирање ментори и тутори. Краен рок за поднесување на документите до Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН е 30-ти овој месец, а информации за условите, критериумите и…

повеќе...

Доделени ваучери за стипендиите „спортска надеж“

Агенцијата за млади и спорт осма година по ред доделува стипендии за млади талентирани спортисти. Ваучерите за популарно наречената стипендија „спортска надеж“ за годинава, денес во малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ ги доделија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински. „Велат победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Како директор на институцијата која се грижи за развој на спортот, сакам да ви порачам упорно да тренирате, да бидете посветени, да ги слушате вашите тренери и верувајте…

повеќе...

Врачени стипендиите „Борис Трајковски“

Нови 20 стипендии „Борис Трајковски“ за магистерски студии по бизнис администрација на Сити колеџот од Солун, како дел од Универзитетот Шефилд во Велика Британија врачи денеска претседателот Ѓорге Иванов. Стипендиите „Борис Трајковски“ се доделуваат веќе шеста година по ред. „Избрани сте како најдобри од најдобрите бидејќи сакате да учите и да се надградувате“, рече претседателот. Едно од најчестите прашања, потенцираше тој, што ми го поставуваат моите колеги и соговорници е за односите меѓу Република Македонија и Република Грција, меѓу македонското и грчкото општество. „Мојот одговор е секогаш ист: има едно…

повеќе...

Конкурс за доделување ученички стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува КОНКУРС за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2015/2016 годин Општина Охрид за учебната 2015/2016 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа: – 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ; – 20 (дваесет) стипендии за ученици кои живеат во…

повеќе...

Врачени стипендии на најдобрите ученици од Дебрца

Најдобрите 20 ученици од основно и средно образование денес добија општински стипендии за тековната учебна година 2015/2016 година.Стипендиите на свечен начин ги додели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Стипендиите кои контунуирано веќе по трет пат се доделуваат се рангирани според износот во две категории, за учениците од основно образование 1000 денари и за учениците од средно образование 1500 денари месечно. Градоначалникот им посака успешна учебна година и одличен успех.

повеќе...

Нови 500 стипендии за талентирани спортисти

Од септември нови 500 млади спортски надежи ќе добијат стипендија преку владиниот проект за стипендирање талентирани млади спортисти, најави премиерот Никола Груевски. Со тоа, нагласи премиерот, и следната сезона за периодот септември – јуни продолжува овој проект кој Владата го реализира во соработка со спортските федерации. Соработката се одвива на начин што секоја федерација има одредена бројка што ја предлага до државата за најталентирани спортисти во нивниот спорт што треба да се стипендираат. „Веќе пет до шест години ние секоја година стипендираме 500 млади споаартски надежи до 20 години. Стипендирањето…

повеќе...