„Прекината Одисеја“ вечерва пред охриѓани

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура, ќе биде изведена претставата „Прекината Одисеја“, заеднички проект на Македонскиот народен театар и театарот Хелена Моджејевска од Легница- Полска. Режисер на претставата е Јацек Гломб, а драматург Роберт Урбањски. Улогите во првиот дел ги играат Портирот – Рафал Цјелух,  Вјера, снимател – Габриела Фабјан Влаѓо, оператор на проектор – Бартош Буланда, Иренка, учителка – Анита Подендњак, Јоасја, учителка – Зуза Моторњук, Хонората, готвачка – Малгожата Урбањска, Лена, мајка – Катажина Дворак, Градинарот – Роберт Гулачик, Директор на центарот – Богдан Гжешчак, Капетанот – Павел Волакм, Партизанот – Павел Палцат, Партизанката –…

повеќе...

Успешен настап на театарската група при Црвен крст во Требиње

Во четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна се наоѓа делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид. Тие вчера, во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката во Требиње со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст…

повеќе...

Театарската претстава „Спобудалената локомотива“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмскиот дел од програмата на Охридско лето вечерва на програмата е „Спобудалената локомотива“од Станислав Игнаси Виткиевич во режија на Јернеј Лоренци. Претставата, во изведба на Словенечки народен театар – Драма, Љубљана, Р.Словенија се игра во Центарот за култура со почеток од 21:00 часот. Поставувањето на самата претстава е вистински предизвик – како да се одржи експериментална, авангардна драма од 1923 година, претстава базирана на едвај одредена доктрина на „чиста форма“. При изведбата чистата форма е исполнета со моќни музички експресии. Конзистентноста, убедливата и точната тимска глума, храбрите решенија…

повеќе...

Драмска изведба на шекспировите „Сонети“ на „Охридско лето“

Битолскиот народен театар вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе ја изведе театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски. Оваа претстава ќе се игра на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ како дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“. Станува збор за двајца исклучително млади режисери, кои повеќе од една година се членови на Битолскиот народен театар. Првиот дел од претставата која нуди две различни естетики го режира Ристовски, а вториот Илиевски. Се работи за една тема со две потполно…

повеќе...

„Импровокација“ во петок повторно пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар во петок (22-ри јули) повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 21:30 часот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба…

повеќе...

Копродукцискиот проект „Прекината одисеја“ се подготвува во МНТ

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска присуствуваше на проба од претставата „Прекината одисеја“, копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и театарот „Хелена Моджејевск“ од Легнице. Режисер е Јацек Гломб. Премиерата ќе биде на 17 септември во МНТ. Претставата ќе биде изведена во Македонија и во Полска, на македонски и на полски јазик со актери од двете држави. Темата е егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во Полска, во градот Легнице во периодот од 1946-1949 година. „Видовме еден мал дел, полска песна која ја пејат нашите актери. Режисерот…

повеќе...

Уредување на зелените површини кај Антички театар

Во текот на вчерашниот ден и денес екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” покрај тековните активности на уредување и наводнување на парковите и кружните текови, по барање на жителите на стариот дел на градот и комуналната инспекција, како и поради почетокот на фестивалот „Охридско лето” беа ангажирани со средување на просторот покрај Античкиот театар, каде што беше опфатено расчистување на трње и отпад, и косење на зараснатата трева.

повеќе...

Спуштени завесите на третото издание на Меѓународниот младински фестивал „Вдиши театар“

Настапот на театарската група од Црвен крст Суботица, со оригиналната изведба на претставата „Тие постојат (во сон и на јаве)“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на третото издание на Меѓународниот младински фестивал кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни 2016 г. се одржа во Охрид. Талентираните суботичани ги разнежија срцата на охридската публика прикажувајќи реални случки од животот на бездомници во едно прифатилиште, од перспективата на еден волонтер на Црвен крст. И оваа година младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР ги исполна очекувањата на…

повеќе...

Громогласен аплауз за претставата „Крајот на викендот“ на третиот ден од „Вдиши Театар“

Со овации и громогласен аплауз охридската публика ги награди актерски пар од Ужице Слободан Љубичиќ-првак на Ужички народен театар и Дивна Мариќ, за импозантната изведба на театарската претстава Крајот на викендот, на третиот ден од Театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Професионалните искусни актери кои веќе 18 години настапуваат со оваа претстава во многу земји во светот, вчера пред охриѓани на многу духовит и реален начин ја прикажаа кризата во средните години на еден брачен пар од секојдневието. На четвртиот и последен ден од годинешното издание на Театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, со…

повеќе...

Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од „Вдиши театар“

Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар. Тие, вчера во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа театарската претстава „Рингишпил“ преку која ја пренесоа семејната драма за соочување со губењето моќ, пари, за пореметени меѓучовечки односи и борба со болестите на зависност. Со својата умешност во театарската игра, младите актери ја приближија до публиката, реалната и препознатлива во секојдневието, сурова игра на судбината, каде наизглед совршен живот се претвора во кошмар и се’ се менува непрекидно и врти како рингишпил. Како…

повеќе...